Го создададов INBOX со ВИЗИЈА:  Да создадам профитно поставен, клиентски ориентиран, технолошки модерен и интегриран физичко - електронски центар за управување со податоци и  документи, кој го гарантира физичкиот интегритет и континуитетот на податоците и документите  што ги чува и обезбедува  највисока ефикасноста во процесот на нивна употреба, преку едноставни и ниско трошковни модули (начини) за пристап, употреба или размена на информациите и податоците.

МИСИЈАТА на INBOX е, да создаде и одржи високо профитабилен бизнис модел на интегрирани архивски сервиси,  кој обезбедува врвна заштита на податоците и документите што му се доверени на чување и преку своите иновативни комуникациски решенија на  своите клиенти  им обезбеди конкурентна предност во работењето, преку минимизирање на трошокот, времето и човечкиот трудот за комуникација со нивните податоци.

"Суштински, нашата работа, наш врвен приоритет е да ги гарантираме постоењето (физичкиот интегритет) , достапноста (употребливоста)  и веродостојноста (изворноста) на податоците  кои ги чуваме и управуваме во име и за сметка на нашите клиенти."  

Во своето работење, INBOX ке се води од следниве СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

1. Создаде и одржува локации и системи за врвна заштита на податоци и документи.

2. Воспостави  и постојано унапредува интегрирана информатичко – технолошка платформа за администрирање на деловни податоци која може 1.) да управува со податоците во било кој формат, 2.) да ги конвертира и мигрира податоците во формати кои гарантираат достапност на долг рок, 3.) овозможува лесен пристап, употреба и размена на  истите и 4.) да се користи со ниско ниво на трошоци за клиентите,

3. Создаде информатички ориентирана организација, способна да развива и усвојува нови модели за безбедно и ефтино пристапување, користење и разменување на податоци

4. Изгради препознатлива трговска марка - Бренд кој професионално, разумно и  емотивно ќе стане синоним за компетенција во административно и архивско работење  и прв избор на партнер за архивско работење на компаниите на сите пазари каде работи.

5. Промовира корпоративна култура, свест и почит кон животната средината и општеството во кое постои и работи и промовира активности за покажување на таа почит.

6. Се профилира како Бренд,  кој го разбира светот околу себе, ги следи промените во својата но и во индустријата на своите клиенти и има свест за потребата да се менува и сила да ги води тие промени.

7. Постигне и одржува организациска свест,  која може да препознае и даде шанса на млади таленти да се докажуваат и со своите идеи да го менуваат светот на подобро.

Во Скопје
04.04.2011

Основач и Претседател
Стојче Тасков
 

Мисија и визија

  

Политика за квалитет

    

Политика за безбедност на информации

  

Организациона структура

  

Тимот на Inbox

  

Референтна листа

  

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

BFD = 1492574251686
BDD = 1492574251686
© 2017 Inbox - archive and data center
Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk