1.1. Изјава за посветеност на квалитет и остварување на мисијата и визијата:
Воден од премисата за целосно остварување на мисијата, визијата и стратешките цели поставени од основачот, ИНБОХ ќе
1.1.1. се посвети на дизајнирање, имплементирање, примена и постојано унапредување на ИМС (интегриран менаџмент систем) и на таа основа
1.1.2. ќе дефинира процеси за задоволување на стандардите за квалитет, истите ќе ги регулира во пишана форма, ќе ги промовира во сите функционални нивоа на организацијата и ќе воспостави системи за контрола за да ја гарантира нивната примена.
1.1.3. Сите процеси за квалитет ќе ги интегрира во функционален систем за квалитет, ќе ја прикаже нивната поврзаност, меѓузависност или исклучување на сите нивоа и со тоа ќе го хармонизира системот за управување со квалитет
1.1.4. Ќе изгради функционална и компетентна организација способна да управува со процесите за квалитет и регулаторните барања.
1.1.5. Ќе обезбеди и постојано ќе унапредува информатичко-технолошка платформа за ефикасно извршување на сите процеси за квалтиет, а пред се барањата за достапност и безбедност на информациите
1.1.6. Ќе обезбеди мерење и контрола на процесите за да ја одржува нивната усогласеност со барањата и потребата на клиентите , стандардот за квалитет и регулаторните барања.
1.1.7. Ќе планира и обезбеди корективни мерки за да ја осигура усогласеноста со потребните на клиентите, стандардите за квалитет и регулаторните барања.
1.1.8. Бесплатен пристап за запознавање со деловниот модел и сервисите
1.1.9. Компетентност и конзистентност на деловните понуди
1.1.10. Компетентност во комуникацијата со ИНБОХ
1.1.11. Униформна, лесно разбирлива, прилагодлива и фер цена
1.1.12. Усогласеност со регулаторните барања поврзани со сервисите на ИНБОХ
1.1.13. Безбедност во постапките за превземање, чување и користење на документите
1.1.14. Безбедност и ефикасност во постапките за конверзија (дигитализација)
1.1.15. Компетентност во постапките за попишување на документите
1.1.16. Компетентност во постапките за уништување на документи
1.1.17. Компетентност во сервисите поврзани со консултации
1.1.18. Контрола на процесите заради елиминирање на неусогласеност
1.1.19. Посветеност кон унапредување
1.2. Во таа смисла ИНБОХ и сите организационо - функционални единици на ИНБОХ ќе се воспостават стандарди за квалитет (quality objectives) преку кои ќе се гарантира остварувањето на оваа политика за квалитет и посветеноста на задоволувањето на барањата на клиентите и регулаторните стандарди.
1.3. Политиката за квалитет е основен документ на системот за управување со квалитет и во таа смисла ја утврдува рамкта во која сите функционални организациони единици на ИНБОХ треба да постават цели и стандарди за квалитет и да организираат процеси со кои ќе го гарантираат спроведувањето на стандардите.
1.4. Политиката за квалитет е динамичен документ кој е подложен на промени и се ревидира најмалку еднаш годишно и во ситуација кога настанува нов регулаторен инпут, промена во бизнис моделот, промена на стратешките цели на компанијата, нова пазарна констелација, технолошка промена која бара менување на начинот на извршување на услугите или воведува нов стандард за квалитет.
1.5. Со цел да го осигура функционирањето на системот за управување со квалитет, Генералниот директор на ИНБОХ ќе именува лице на функција Менаџер за Квалитет, ќе му создаде организациско – функционален авторитет и одговорност дека сите процеси потребни за управување со квалитет согласно оваа политика и барањата на стандардот за квалитет се етаблирани, имплементирани, се одржуваат и унапредуваат. Ќе создаде правила според кои Менаџерот за квалитет известува до врниот менаџмент за начинот на спроведување и потребата за промени на системот за управување со квалитет и ќе осигура дека сите барања и потреби на клиентите се примени во организацијата, разбрани и спроведени согласно политиките за квалитет.

Изјава од претседателот

  

Мисија и визија

  

Политика за безбедност на информации

  

Организациона структура

  

Тимот на Inbox

  

Референтна листа

  

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

BFD = 1405104053627
BDD = 1405104053627
© 2017 Inbox - archive and data center
Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk