За нас

Наша мисија и корпоративен идентитет

Инбох – Архивски Дата Центар е основан во 2011 година како иновативен модел за архивирање и управување со документи (физички и електронски документи). Основан на американска ИТ платформа, оперативниот модел на Инбох овозможува совршена организација на документите низ целиот нивен животен тек започнувајќи од моментот кога се создадени, со што на своите корисници им овозможува брз и постојан пристап, непречена употреба и најважното – сигурни и безбедни работни процеси во нивната организација.

Во само првите три години од своето постоење, Инбох го разви својот корпоративен идентитет и постигна брендот да биде препознатлив како високо професионален, постојан и доверлив партнер на најголемите организации во Македонија во делот на архивирање и управување со документи.

Погледнете го нашето КОРПОРАТИВНО ВИДЕО

“Нашиот корпоративен идентитет е изграден на верувањето дека корпоративниот успех доаѓа од моќта на компанијата која е високо компетентна и мотивирана своето знаење и најдобрата технологија да ги искористи исклучиво за да им овозмозможи компетитивна вредност на нашите ценети клиенти.

Ние сме посветени да градиме и одржуваме силен Бренд кој ќе обезбеди максимална ефикасност и безбедност во архивиското работење

и сето тоа базирано на врвна технолошка платформа која го минимизира човечкиот труд во управувањето и побарувањето на информациите, притоа го гарантира интегритетот на податоците и ги намалува можностите за грешка и злоупотреба со овозможување целосна контрола.„

Денес Инбох своите професионални услуги за архивирање и менџирање на документи ги овозможува: на повеќе од 250 локални и интернационални клиенти, од три различни локации, со целосен административен простор од 2.000 м2,40.000м3 простор за физичко архивирање на документација и архивски материјал и дата центар од повеќе од 25 ТБ простор.

Стојче Тасков - Главен Извршен Директор
Стојче Тасков
Главен Извршен Директор
Перица Костадиновски - Помлад партнер / продажба и развој
Перица Костадиновски
Помлад партнер / продажба и развој
Јорданчо Митровски - Извршен директор за финансии и корпоративно управување
Јорданчо Митровски
Извршен директор за финансии и корпоративно управување
Дејан Тимковски - Директор на продажба и односи со клиенти
Дејан Тимковски
Директор на продажба и односи со клиенти
Драгица Додевска - Маркетинг координатор
Драгица Додевска
Маркетинг координатор
Мартин Арсовски - Координатор на дигитални услуги
Мартин Арсовски
Координатор на дигитални услуги
Татјана Насковиќ - Координатор на тим за електонско-архивско работење
Татјана Насковиќ
Координатор на тим за електонско-архивско работење
Горан Милев- ИТ Менаџер
Горан Милев
ИТ Менаџер
Александар Зорбовски Митровски - Менаџер за безбедност и квалитет
Александар Зорбовски
Менаџер за безбедност и квалитет
Никица Стаменковиќ - Раководител на сектор за физичка архива и логистика
Никица Стаменковиќ
Раководител на сектор за физичка архива и логистика
Александра Станковска - Стручен соработник за корпоративна поддршка
Александра Станковска
Стручен соработник за корпоративна поддршка
Марија Зафировска - Продажен референт
Марија Зафировска
Продажен референт
Ана Христовска - Асистент за  корпоративна поддршка, координација и администрација
Ана Христовска
Асистент за корпоративна поддршка, координација и администрација
Гоце Блажевски - Стручен соработник за канцелариско  и архивско работење
Гоце Блажевски
Стручен соработник за канцелариско и архивско работење

Нашата филозофија го следи фундаменталниот концепт на архивирањето и менаџирањето на документите – а тоа е идејата дека секој запис (документ) има животен циклус. (Секој официјален деловен документ мора да помине низ сите фази на “животниот циклус„). Почнувајќи од овој концепт ние разликуваме “АКТИВНА„ и “ПАСИВНА „ фаза на документот.

Во Активната фаза од животниот циклус на документот, критичен фактор е достапноста на информациите кои се многу често потребни од различни корисници. Во оваа фаза, создаваме вредност со тоа што најпотребните документи ги правиме лесно достапни преку ECM платформа (Enterprise content management platform – платформа за менаџирање на целосната документација на организацијата). Ние ги конвертираме деловните записи во дигитални документи во електронски архивски формат (PDF/A) и овозможуваме достапност на податоците 24/7.

Клиентите можат да пристапат до својата документација од било која локација, од својот смарт телефон, таблет, лап топ, при што пристапот им е овозможен во секое време кога им е потребна документацијата. ECM платформата ви обезбедува ефикасност во секојдневното користење на документите и ви овозможува целосна контрола на сите акции од сите корисници низ цела организација.

Ние ви доставуваме ефикасност и поголема контрола.

Во Пасивната фаза од животниот циклус на документот, фреквенцијата на користење е ниска, со што тука критична точка на ефикасност е разликата помеѓу вредноста на самиот документ или вредноста на инфромацијата која што ја содржи. Да создадете постојана достапност на целосната документација е преголем трошок и е целосно непродуктивно. Затоа ние разликуваме помеѓу вредноста на документот и вредноста на инфромацијата која што ја содржи. 95% од времето, Вам ви е потребна само информацијата што ја содржи документот, не самиот документ.

Наша уникатна вредност е што ние можеме – на ВАШЕ БАРАЊЕ, да ја издвоиме информацијата која што ви е потребна и да ја направиме достапна за Вас

преку ECM платформата без да има потреба да го поместуваме физичкиот документ од својата локација. На овој начин елиминираме ризици како губење, оштетување и злоупотреба на деловни записи, а во исто време Ви ја доставуваме потребната информација во период од 30 минути.

Ние ги зајакнуваме нашите клиенти со брз и сигурен метод на комуникација со нивните информации и документи, правејќи ги достапни од било кое место во било кое време. Истовремено оригиналните документи се во совршена организација во високо обезбедена локација. На овој начин создаваме предност на нашите клиенти со што што го забрзуваме процесот за донесување одлуки бидејќи сите клучни инпути за носење на тие одлуки се достапни во секое време.

Ние им заштедуваме време и ресурси на нашите клиенти, со тоа што инвестираме во најдобрите во својата класа – објекти и организациски модели за индексирање и чување, нови ефикасни технологии за дистрибуција на документи, како и во безбедносни стандарди за сигурно складирање.

Ние овозможуваме високо ниво на сигурност со анонимизација на документ со баркод налепница и принципот на повеќеслојни операции со тоа што пристапот до документот е овозможен со авторизациски кодови на најмалку две нивоа. Создаваме записи за сите акции со тоа што ви овозможуваме целосен извештај за аудит потреби.

Ние ги штитиме нашите клиенти од секакви регулаторни ризици со кои што можат да се соочат при менаџирањето на документите и архивирањето со тоа што постојано инвестираме и ги подобруваме нашите оперативни стандарди.

Ние ја преземаме одговорноста и Ви ја враќаме контролата – Архивирањето и менаџирањето на документите е наша специјалност, ние ја имаме најдобрата технологија, ги имаме експертите за секој процес и го имаме знаењето да се справиме со секој предизвик. Ви помагаме да го зголемите вашиот фокус кон вашата примарна дејност со тоа што ви овозможуваме целосна контрола над Вашите документи и информации.

ISO-9001
ISO-9001
ISO 9001 е меѓународен стандард кој ги специфицира барањата за систем за управување со квалитет (QMS). Инбокс го поседува овој стандард од 2014 година и оваа година изврши ресертификација за имплементација на најновите промени во барањата на стандардот во верзија ISO 9001: 2015
ISO-27001
ISO-27001
ISO 27001 е спецификација за систем за управување со безбедноста на информациите (ISMS). ISMS е рамка на политики и процедури што ги вклучува сите правни, физички и технички контроли вклучени во процесите на управување со информации за организацијата. Инбох ги оправдува овие побарувања на стандардот од самото имплементирање во 2014 година и во 2017 година се ресертифицираше.

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk