На Новогодишната забава на ИНБОХ која се одржа на 20.12.2016, беше доделена и наградата за најдоброто дизајнерско решение на наградниот конкурс “Бидете архитект на нашиот работен простор” според допаѓањата на корисниците на социјалната мрежа Facebook. Како што веќе објавивме и претходно, добитник на наградата во износ од 60.000 денари е Дипл. Архитект Васко Стојанов од Струмица, а наградата во име на организторот на наградната игра, компанијата ИНБОХ дооел, му ја додели Извршниот директор на компанијата, Стојче Тасков.