Технологијата во функција на заштита и подобрување на “институционално–колективната меморија“ во Република Македонија

Технологијата во функција на заштита и подобрување на “институционално–колективната меморија“ во Република Македонија

Технологијата во функција на заштита и подобрување на “институционално–колективната меморија“ во Република Македонија

Победник на конкурсот за Power Point презентација дел од корпоративниот идентитет на Инбох

Посета на Парламентарниот институт на РМ заедно со NDI-USA во архивскиот центар ИНБОХ. На организирана средба во архивскиот центар ИНБОХ, Националниот демократски институт - НДИ, кој го води проектот за модернизација на работењето на Македонскиот парламент, заедно со Парламентарниот институт на РМ, разменија аргументирани мислења и искуства поврзани со начините и техниките за управување со документарен и архивски материјал.

Парламентарниот институт е посебна организациона единица која придонесува во зајакнувањето на законодавната и надзорната функција на Собранието на Република Македонија, преку обезбедување навремени, непристрасни, објективни и достапни услуги за законодавната власт. Националниот демократски институт е непрофитна, непартиска, невладина организација која ги поддржува демократските институции и практики во секој регион во светот повеќе од три децении. Инбох како високо-технолошка компанија ги презентираше своите можности за дигитализација - конверзија на документите од хартиена форма во електронски облик со сите можности (ласерски, бесконтактно, во големи формати, Din A0+, 3D опции за скен на текстури на документи, софтвери за препознавање на текст и управување со квалитетот на сликата и Cloud платформата за дистрибуција на документите - Envision.

Победник на конкурсот за Power Point презентација дел од корпоративниот идентитет на Инбох

Инбох заедно со сите технолошки предности ги претстави и своите безбедносни стандарди за физичко архивирање – мапирање на документите преку bar-cod систем и следење на документите во нивниот животен циклус. Г-дин Златко Атанасов - Раководител на Парламентарниот инситут на Собранието, заедно со Г-дин Роберт Скот Хејзлет од Националниот демократски институт, на средбата со Извршниот директор и сопственик на Инбох, Г-дин Стојче Тасков, искажаа благодарност за гостопримството и презентацијата на технолошката платформа за управување со физички и електронски документи. “Ние во Парламентарниот институт особено го признаваме значењето на институционалната меморија. Историјата на законодавниот процес, архивирањето на документите од законодавната постапка, индексирани по клучни зборови, електронски пребарливи и лесно достапни се од огромна важност за историјата на законодавниот дом и истовремено извор на податоци за пратениците и јавноста. Ние сме убедени дека информациите кои доаѓаат во законодавниот дом и произлегуваат од неговата работа им припаѓаат на пратениците и јавноста и тие мора да бидат лесно достапни за употреба. Ние при нашата посета видовме еден модерен и систематизиран метод на управување со документи од архива, на начин кој обезбедува физичка безбедност и електронска достапност. Ова е секако модел кој што јавниот сектор би можел да го користи во својата работа” – изјавија од институтот.

Победник на конкурсот за Power Point презентација дел од корпоративниот идентитет на Инбох

Извршниот директор и сопственик на Инбох, Г-дин Стојче Тасков потенцираше:” Инбох како лидер во архивското работење и технологиите за управување со документи останува отворен за соработка и пренесување на своето знаење и опрема во функција на заштита на документите, нивната полесна употреба и општиот напредок на канцелариското и архивско работење”.

Победник на конкурсот за Power Point презентација дел од корпоративниот идентитет на Инбох

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk