Генијален, практичен начин за заштита на нашите документи

Генијален, практичен начин за заштита на нашите документи

Генијален, практичен начин за заштита на нашите документи

Што би се случило доколку ги изгубиме семејните фотографии? Би изчезнале и сеќавањата од специјалните моменти. Ако ги изгубиме личните документи, писмата, дипломите, како да губиме и дел од себе, или во најмала рака се ни се комплицира, и мораме да влеземе во административниот лавиринт, кој секако многу ќе не измори.

Ќе се согласите, губењето на личните работи, не е пријатно, но без тоа и може некако да се живее!

Замислете да работите во компанија или некоја институција, потребни ви се документите од минатите години, кои сте ги чувале во регистри/папки, првично во вашата канцеларија, па сте ги преместиле во компаниските подруми, и кога ви се најмногу потребни -ги нема! Се изгубиле, можеби се украдени или уништени од временски непогоди или поради несоодветно чување.

Нервозата во тој момент е најмалиот проблем! Ја губите историјата на вашата компанија, деловна и финансиска, ја губите контролата и безбедноста на вашата компанија.

Доколку пак работите во секторот здравство, како да дијагностицирате одредена болест и да препишете соодветни медикаменти ако не ја знаете историјата на еден пациент. Може да се случи да препишете лек кој може да предизвика уште поголеми компликации и контраефекти.

Како може еден суд да функционира ако нема модерна архива на документи?! Како може една држава да извршува инспекциски надзор или истраги доколку нема документи – докази. Како ќе ги утврдува фактите? Едноставно неможе да функционира целиот државен апарт.

“Ова се можеби микро примери, но замислете што би значело да се изгуби она што претставува општествено и културно богатство на една земја. Историски податоци од минатиот век, вредни црковни ракописи, писма од народноослободителните војни, прозни дела, преданија, митови, се она што претставува културно наследство. А народ без историја и култура, без фактографија и сочувани оригинални документи, за вековната борба и докажување, е ништо. Тоа е како дрво без корени, кое за кратко време би се исушило, како човечко тело без вода, кое за неколку дена би дехидрирало.“

Одговорноста е кај носителите на раководни функции. А одлуки не треба да се носат кога штетата че настане, туку напротив, плански и на долг рок да се зачувуваат документите. Работата е едноставна, ако не сакаме ваква реалност, мора да имаме уредна, безбедна и модерна, физичка и електронска архива на сите документи кои ни се потребни за работа. Тоа на долг рок тоа носи сигурност, безбедност и секако континуитет во работата. Овозможува брзо и ефикасно да се добие еден документ, без притоа да мора да се стане од работното биро, и да се оди по ходници, катови и подруми за барање на документите. Без да доживуваме стресови ако нешто нема! Електронската архива обезбедува највисока безбедност и комплетна контрола над документите.

Интерсен е фактот дека кога бараме документ, нас не ни треба документот туку информациите што се напишани на тој документ? Потребен ни е е систем на архивирање кој многу организирано и ефикасно, електронски ги копира информациите и ги доставува без физички да се движи документот. Кој обезбедува неколку степени на безбедност, и повеќе нивоа на контрола.

Токму таков е и системот за архивирање Инбох. Спој на добро познати технолошки достигнувања во нов бизнис модел, што интегрира 3 технологии. Инбох не е 100% физичка архива ниту е 100% дигитална архива, а употребените технологии дозволуваат по потреба на клиентот да се претвори во едно или друго, што е неговата уникатност. Инбох е изграден по модел на американска технологија за управување со хартиени и електронски документи – ENVISION. За 5 години постоење, создаде капацитет од 35.000 м3 специјализиран простор за архивски депоа, поседува технологија за дигитализација на сите можни видови документи, од бизнис картичка до А0 и поголеми формати, како и технологија за ласерско и 3Д дигитализирање на вредни документи, микрофилмски скенери, скенери за ренгенски и други транспарентни документи.

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk