Нови инвестиции за достигнување нови предизвици

Нови инвестиции за достигнување нови предизвици

Нови инвестиции за достигнување нови предизвици

Соработка со Free Technics – Montenegro – Поставување нов сталажен систем

Професионалните услуги за архивирање и менаџирање со документи, кои ги нуди Инбох, сè се повеќе барани од страна на домашни и странски компании за подобрување на нивните работни процеси. Последователно на зголемениот обем на работа, се појави и потреба од инвестиција во зголемување на капацитетот на сталажниот систем во Архивското Депо.

Квалитетот на сталажниот систем е суштински за, пред сè, безбедно и ефикасно работење во Архивското депо. Затоа ги баравме најдобрите добавувачи. Понудените мостри од сталажни системи беа тестирани кај надлежните институции, за да го потврдиме квалитетот кој што го нудат, сеизмичката отпорност, карактеристиките на материјалите.

Free Technics - лидери за сталажни системи на пазарот на Црна Гора и пошироко на Балканот, апсолутно ги исполнија сите побарувањa на стандардите и го спроведоа целиот проект на изведба со врвна професионалност. Сталажниот систем е отпорен на корозија и гребење и целата контрукција е сеизмички отпорна. Капацитетот на оптовареност по палета е 800 кг.

Сталажниот систем кој што го конструиравме во Инбох е според највисоки европски стандарди. Проектиран е со сеизмичка отпорност до 9 степени според Рихтер. Истиот е поцинкуван, нема никаква боја на него, што значи дека е незапалив. Ние сме задоволни од изведбата и комуникацијата низ целиот проект и гледаме со особено задоволство во понатамошна соработка – изјавува г-дин Никола Брновиќ од Free Technics.

Соработката со Инбох ми остави многу позитивни импресии. Имав среќа да соработувам со компанија која со своите вработени, кои се врвни професионалци, се многу пред своето време. - Г-дин Никола Брновиќ

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk