31 Март – Светски ден за back-up

31 Март – Светски ден за back-up

Кога последен пат направивте резервна копија од Вашите податоци? Секој ден бизниси, организации и поединци губат огромни количини на вредни податоци бидејќи немаат навика да прават backup. Светскиот ден за BackUp – 31 Март е издвоен каков таков за да биде потсетник за сите да направат резервни копии од своите податоци, дури и ако тоа е еднаш годишно.

Зошто?

  • - 30% од вработените немаат начин да ги спасат своите важни досиеја во случај на хаварија.
  • - 29% од хаварии се предизвикани од несреќа.
  • - 11% податоци се губат поради човечка грешка.
  • - 1 од 10 компјутери (лични/деловни) се заразени со вирус кои може да ги избрише сите податоци.
  • - 113 телефони се крадат секоја минута.
  • - 43% од компании кои доживеале катастрофално губење на податоци, никогаш не закрепнале, а 51% целосно банкротирале после две години.
  • - 96% од сите работни станици не се бекапирани.
  • - Само 6% поединци бекапираат дневно.

Затоа одвојте време да ги бекапирате Вашите податоци.

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk