Услугата физичко архивирање подразбира ефикасно и безбедно складирање и управување на вашата физичка документација. Основни и неопходни процеси  кои придонесуваат за правилно и професионално работење на Документарниот Центар се: превземање, прием, обработка (индексирање), поставување на локација, испорака до клиентот и селекција на документација со изминат рок на чување. Сите процеси кои го опфаќаат делот на физичкото архивирање се во согласност со Упатството за начинот и техниките на постапување со архивскиот и документарниот матерјал во канцелариското и архивско работење (( Службен весник на Р.М , бр.99 од 02.07.2014 ) и се опишани со соодветни процедури и упатства согласно инсталираниот Систем за Управување со Квалитет ( ИСО9001:2000) .

Вашата комплетна документација се складира во петослојни архивски кутии и секој регистратор (папка) е индивидуално спакуван во пластична анти-статична фолија со што се овозможува заштита од влага, светлина, прав, инсекти и надворешни влијанија. Документарниот центар како и целокупната документација во него се осигурани во реномирана сигурителна компанија.

 

Физичка архива

 

Организирање, Сортирање, Индексирање

По преземање на документацијата, содржината на кутијата се попишува и индексира според функционалната категорија/ под-категорија, организациска единица и време на создавање, софтверски се мапира и обележува со бар код, со што значајно се олеснува пребарувањето на кутиите и овозможува едноставно следење на секој ваш документ преку ВЕБ архивскиот софтвер. Со овој процес Документарниот центар овозможува идентична комуникација на клиентите со својата документација. Физичка архива
 

Преземање и достава

Преземањето и доставата на документација се врши со специјализирани возила од и до Вашите простории. При процесите на преземање и достава имаме строго определени рути по кои се движат возилата и имплементиравме систем на 6 контролни точки со тоа што во секој момент имаме увид каде се наоѓа документацијата. Нашите возила се опремени со GPS уреди и нивното движење е под постојан мониторинг за време на транспортот.

 Доставата на документација е организирана во посебен сервис – ИНБОХ ЕКСПРЕС и работи 7 дена во неделата. Инбох Експрес обезбедува достава на скенирана копија во рок од 15 минути, физичка експрес достава во рок од 60 минути или физичка стандардна достава во рок од 24 часа.  

Пропишаната брзина на достава на клиентската документација претставува ЦЕЛ за квалитет (Quality objective) согласно системот за управување со квалитет ИСО9001:2000 )









СПЕЦИЈАЛНИ ПРОДУКТИ поврзани со УСЛУГАТА : Физичко Архивирање

• Сопствено индексирање во просторија на клиентот
- По сопствено барање на клиентот или доколку клиентот има своја постоечка база на податоци од сопствената документација.
За повеке информации контактирајте нè тука.
• Специјален Он Сите Модул за користење на интегрираното софтверско решение и know-how на ИНБОХ во просториите на клиентот
- Доколку клиентот поседува законски адекватно архивско депо , документарниот центар Инбох може да го даде на располагање своето софтверско решение и know-how заради контролирано управување и следење на целата клиентска документација ( data management ) .
За повеке информации контактирајте нè тука.
• Дополнителен опис на документација ( дополнително означување со мета-податоци)
Во случаи кога клиентите немааат адекватен опис на соспствената документација или бараат дополнителен параметар за опишување на истата ...
За повеке информации контактирајте нè тука.

• Превземање и испорака на клиентска документација од различни објекти – филијали во градот и републиката
Кога клиентот има документација распределена на повеќе места , Инбох располага со специјализирани возила за пренос на документацијата до нашиот документарен центар.
За повеќе информации контактирајте нè тука.
• Можност за сопствено предавање и преземање на документацијата од страна на клиентот.
Документарниот центар Инбох овозможува соодветни просторни услови, со што му е овозможено на клиентот самостојно да донесе , превземе или пребара одреден документ ...
За повеќе информации контактирајте нè тука.
• Продажба на специјализирани петослојни архивски кутии или соодветни кутии за чување и пренос на неконвенционален архивски материјал .
За сопствено складирање на конвенционален и неконвенционален материјал на компании и физички лица кои се заинтересирани, можеме да обезбедиме и продадеме соодветни складишни единици ...
За повеќе информации контактирајте нè тука.

Е-Aрхивa

Е-Aрхивa

Информациите на дланка

Дата хостинг

Дата хостинг

Е-mail пораки и документи, бази на податоци, содржина на вашиот Intranet, вашите највредни податоци ќе бидат безбедни со нас

Дигитализација

Дигитализација

Целосна контрола над документацијата

Архивско сеф депо (media vault)

Архивско сеф депо (media vault)

Кога безбедноста е врвен приоритет

Kонсултантски услуги

Kонсултантски услуги

Документарниот центар ИНБОХ нуди соодветни консултантски услуги со цел олеснување ...

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

BFD = 1405104053627
BDD = 1405104053627
© 2017 Inbox - archive and data center
Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk