Дигитализацијата, односно преносот на конвенционалниот архивски и документарен материјал во неконвенционален архивски и документарен материјал е начин да ја зголемите вредноста, ефикасноста, безбедноста и трајноста на вашите документите. Конечен производ на нашата услуга е документ во електронска форма (PDF, PDF/A,JPG, TIFF) кој авторизираните лица од вашата компанија можат непрекинато да го користат преку нашата услуга Е-Архива или да го добијат на посебен медиум (оптичко-магнетен медиум (цврст диск), компакт диск (CD), DVD, Flash меморија).

Во зависност од нивната функционална важност и нивниот формат, услугата на дигитализација преку процесите на скенирање и индексирање може да ги конвертира вашите документи во формат со врвна употребна вредност кој е едноставен за преглед, пренос и манипулација. Во Инбох може да се дигитализираат сите документи независно од нивниот тип, од видот и форматот на хартијата (А0-А8), како и конверзија на микрофилм во дигитална копија.

Безбедност

За нас безбедноста на податоците е вредност со која не правиме компромис. Во рамките на услугата дигитализација на деловна документација ние ја гарантираме безбедноста на сите податоци кои се дигитализираат согласно регулативата од Законот за заштита на лични податоци. При процесот на дигитализација се опфатени бројни безбедносни и контролни механизми за заштита на информациската вредност на документот, како и неговиот физички интегритет.

План за дигитализација

Во процесот за дигитализација и градење Е-Архива, создаваме вредност за иднината. Во подготвителната постапка за дигитализација се креира соодветен план за скенирање и индексирање. Планот опфаќа класификација на документите по функционални типови и одредување на параметри за индексирање во согласност со вашето работење, чија цел е брзо и лесно пребарување на истите.

СПЕЦИЈАЛНИ ПРОДУКТИ поврзани со услугата ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

• Дигитализација на документација во простории на клиентот
Проектната дигитализација која претставува скенирање и обработка на документација од одреден временски период, одреден сектор или одредена функционална важност, може да биде извршена и во ваши простории. Одделот за Дигитални услуги на Инбох има мобилни станици кои се поставуваат во ваши простории, како и обучен кадар кој ќе ја реализира дигитализацијата во предвидениот временски рок.
За повеке информаци контактирајте нè тука
Физичкa Aрхивa

Физичкa Aрхивa

Совршена организациска ефикасност

Е-Aрхивa

Е-Aрхивa

Информациите на дланка

Дата хостинг

Дата хостинг

Е-mail пораки и документи, бази на податоци, содржина на вашиот Intranet, вашите највредни податоци ќе бидат безбедни со нас

Архивско сеф депо (media vault)

Архивско сеф депо (media vault)

Кога безбедноста е врвен приоритет

Kонсултантски услуги

Kонсултантски услуги

Документарниот центар ИНБОХ нуди соодветни консултантски услуги со цел олеснување ...

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

BFD = 1492574251686
BDD = 1492574251686
© 2017 Inbox - archive and data center
Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk