Технологија и системска инфраструктура на Инбох

Физичкото и електронско архивирање се базира на комплетен enterprise систем дизајниран за употреба во комерцијални центри за управување со записи. Системот е производ на DHS Worldwide Software Solutions, американска компанија со повеќе од 20 години искуство во оваа специјализирана индустрија. Софтверот опфаќа клиентска апликација, Веб модул кој овозможува пристап до содржините на физичката и електронската архива преку Интернет и соодветна Windows Mobile апликација која овозможува тековно следење на архивската граѓа при незјината маниупалција внатре во/надвор од архивскиот центар. Системот е дизајниран да биде дистрибуиран, што овозможува управување од и на повеќе физички локации.
Веб модулот е наменет за клиентската страна и им овозможува пристап до интерно обработените податоци за нивната архивска граѓа, интеракција со услугите на Инбох, како и пристап до нивните дигитализирани архивски материјали.

Физичка архива

Во овој оддел се врши ажурирање на податоците за клиентите и архивската граѓа, како и приeм и издавање на истата. Вработените се опремени со работни станици, баркод скенери, баркод принтери и покрај стандардната опрема и механизација, користат рачни компјутерски уреди опремени со мобилна верзија на клиентската апликација. Уредите поседуваат баркод читач и 3.5G врска која им овозможува далечинска комуникација со системот.

Дигитализација (хартиена документација)

Дигитализацијата, обработката и параметризирањето на клиентската документација се врши во секторот за дигитализација. Секторот е опремен со најсовремени скенери за масовно скенирање на документација во најразличен формат (А4, А3, А2, А1, А0), како и безконтактен скенер кој служи исклучиво за скенирање на сензитивна документација. Секторот располага со ADF и FLATBED скенери од производителите Xerox и Fujitsu, кои во зависност од квалитетот на скенираната документација можат да достигнат брзини до 100 страни во минута. Макималниот можен квалитет на репродуцирана дигитална копија е 1200 dpi. Секој од скенерите е опремен со софтвер за специјална софтверска обработка чија цел е дигитална копија со највисок можен квалитет.
Пропратните софтверски апликации овозможуваат организирана дигитализација на документација преку операции кои се активираат при скенирање на одреден Баркод (Barcode driven operations), вршат OCR (препознавање на текст) на дигиталната копија, каде што во зависност од содржината и квалитетот на скенираниот документ, производителот гарантира и над 90% точност на препознаените македонски зборови. Како најмоќни алатки на овие апликации се опциите за зонско препознавање на карактери (Zone OCR) со која од скенираниот документ се извлекуваат претходно дефинирани Мета податоци кои што понатаму може да се интегрираат во системот како соодветни атрибути за пребарување низ електронската архива.
По процесот на дигитализација се врши централизирана обработката на скенираните документи по која дигитализираната содржина се зачувува во PDF/A формат кој што е ISO стандардизирана верзија на PDF форматот (ISO19005), специјализиран за дигитално архивирање на електронска документација. Ова технологија всушност го “вградува” начинот на кој треба да се репродуцира документот (формат, големина, текст, слики) во самиот документ.


Дигитализација - (Микрофилм)

Дигитализацијата и обработката на документи продуцирани од микрофилм се врши во секторот за дигитализација. За таа цел, секторот е опремен со ScanPro микрофилм скенер кој пак, е опремен со 26-мегапикселна камера што резултира со двојно поголема оптичка резолуција од било кој друг скенер за таа намена. Ова на клиентите им обезбедува исклучителен квалитет на продуцираната копија, невиден досега во микрографската индустрија. Со квалитет од над 500 dpi (dots-per-inch), документите креирани со ScanPro задоволуваат два клучни елементи – висок архивски квалитет и заштеда на дисковен простор.
Процесот на скенирање се врши преку софтвер доделен од производителот кој преставува моќна алатка за масовно скенирање на материјали од микрографската индустрија, чија брзина, зависно од потребите, достигнува до една секунда по продуцирана копија. Со опции за скенирање во ултра висока дефиниција, максимални 426 мегапиксели големина на слика, FOCUS-Lock™ (автоматско нагодување на фокусот низ процесот на скенирање), SPOT-Edit™ (детална обработка на скенираните копии) и опција за избор на dpi (од 150dpi до максимални 1200dpi), ScanPro микрофилм скенерот е вистинското решение за скенирање на микрофилмови и микрографски материјали.

Електронска архива

Електронската архива се хостира интерно и е изложена на Интернет преку симетрична широкопојасна врска со загарантирана брзина, достапност и доверливост. При клиентската интеракција со електронската архива, системот задолжително користи шифрирана комуникација со што се осигурува безбедност на комуникацијата и податоците, на транспортно ниво.
Дополнително, електронската архива е заштитена со двоен систем за автентикација (корпоративна клиентска најава на сервисот, по кое следи индивидуално најавување во електронската архива). Нивоата на управување се регулираат преку систем на привилегии и ограничувања на корисниците. Резултатот е зголемена интерна безбедност и можност за разграничување на улогите на вработените, во една унифицирана работна околина.

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

BFD = 1405104053627
BDD = 1405104053627
© 2017 Inbox - archive and data center
Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk