Во Фокус со Александра Станковска – Инбох – компанија која го движи растот и развојот во правата насока

Нашата посветеност на создавање култура во која вработените се среќни и максимално се чувствуваат како дел од компанијата, Нашата посветеност на создавање култура во која вработените се среќни и максимално се чувствуваат како дел од компанијата, прераснува во една од најзначајните цели за тековната година. За таа цел – одвоивме време со Александра Станковска која е Стручен соработник за корпоративна поддршка и е директно одговорна за процесот на селекција и регрутирање на кадри – од самиот почеток на објавување на оглас за одредена позиција до заминување на работникот. Таа целосно го покрива HR процесот во компанијата.

Александра ни ги пренесе нејзините ставови за тоа што има компанијата да каже за себе од аспект на своите вработени, на работодавач и за својата организациска култура.

1. Дали сметаш дека има нешто што го издвојува Инбох како работодавач на нашиот пазар?

Апсолутно, Инбох е компанија – работодавач која не дозволува да ‘’заглавиш’’ во својата комфорт зона. Иновативна е и брзо растечка. Постојано се случува нешто ново. Јас и моите колеги секојдневно преку работа стекнуваме нови знаења и вештини, работиме на проекти со реномирани интернационални компании, работиме на иновации во индустријата. Секој од тимот лично допринесува и остава свој печат во ‘’големата слика’’ и преку тоа ја гарантира успешната иднина на компанијата.

Инбох е компанија – работодавач која не дозволува да ‘’заглавиш’’ во својата комфорт зона. Иновативна е и брзо растечка.

2. Како одговорна за HR процесот, што би кажала дека е најголем предизвик за кандидатите да бидат дел од Инбох?

Тоа што сите вработените се во можност да имаат позитивно искуство од проектот на кој што работат, да знаат зошто работат на него, како тој проект ќе влијае на околината и како истиот го менува деловниот свет на подобро. Менаџмент тимот како и сите вработени меѓусебно се мотивираме за се поголем развој на професионален план.

Компанија чии долгорочни стратегии за раст неминовно го опфаќаат и професионалниот развој на своите вработени.

Инбох е компанија која сака нејзините вработени да напредуваат во знаењета преку секојдневните предизвици со кои секој има шанса да се надоградува, да напредуваат преку интерни огласи внатре во компанијата. Компанија чии долгорочни стратегии за раст неминовно го опфаќаат и професионалниот развој на своите вработени. Кај нас растот и развојот се движат во единствена насока – правилната.

 

3. Дали можеш да ни откриеш кои се твоите побитни ангажмани за тековната 2019 година во однос на подобрување на организациската култура и тимскиот дух? 

Јакнењето на тимскиот дух и подобрувањето на организационата клима не може да се случува само од канцеларијата за човечки ресурси.

Потребна е неопходна соработка со тим лидерите во насока на остварување на визијата и мисијата на компанијата. Во однос на активности за 2019 година имаме креирано богата програма на активности, создадена од потребите на вработените. Планирани се мини – тимбилдинзи, дружења меѓу семејствата на вработените, воведување на програми за ‘’train to trainers’’. . . .

Сметам дека само задоволните вработени може да генерираат супериорно задоволство од страна на клиентите. Со други зборови, креирање работна средина со задоволни, лојални и посветени вработени е критично за достигнувањето на целите на компанијата.

Во однос на активности за 2019 година имаме креирано богата програма на активности, создадена од потребите на вработените. Планирани се мини – тимбилдинзи, дружења меѓу семејствата на вработените, воведување на програми за ‘’train to trainers’’. . . .

4. Како би ја опишала и оценила организациската култура во компанијата?

Во Инбох не постои работна задача/процес/проект од почеток до крај кој што можеш да го завршиш апсолутно сам. Тимскиот дух е нашиот клуч во организационата култура и тоа е она што не прави специфични и не издвојува од останатите. Сите оперативни дневни задачи како и проекти се работат тимски, секој вработен го дава својот максимум, се со една единствена цел – да испорачаме квалитет кај нашите клиенти.

Во Инбох не постои работна задача/процес/проект од почеток до крај кој што можеш да го завршиш апсолутно сам.

Така сме позиционирани што условно кажано ние не можеме ‘’да купиме’’ готов кадар од друга компанија и веднаш да го вградиме во нашиот систем.

5. Дали Инбох има потешкотии во наоѓањето квалификуван кадар за своите позиции?

Дејноста со која што се занимава Инбох е мошне специфична на пазарот на трудот. Така сме позиционирани што условно кажано ние не можеме ‘’да купиме’’ готов кадар од друга компанија и веднаш да го вградиме во нашиот систем. Нашите човечки ресурси ги градиме внатре во компанијата. Како мошне успешен начин на регрутација се покажа соработката со студентските организации и факултети, кои се наши партнери. Младите таленти, најпрвин преку изведување на практична настава, го наоѓаат своето место во компанијата и тука ‘’растат’’.

6. Александра, кој е твојот најголем предизвик во Инбох?

Пред се, повеќе би рекла мотивација отколку предизвик во работата. Па од таму, најголем мотив ми е да ги избалансира индивидуалните очекувања и барања на вработените од една страна, а од друга страна корпоративните цели и таргети и сето тоа во една релативно куса временска рамка. Преку добра соработка и комуникација, разбирање, почит и поддршка на сите нивоа во организационата структура во компанијата, секој предизвик е возможно успешно да се реализира.