Нови инвестиции за достигнување нови предизвици

Почетна 9 Новости 9 Нови инвестиции за достигнување нови предизвици
Соработка со Free Technics – Montenegro – Поставување нов сталажен систем

Професионалните услуги за архивирање и менаџирање со документи, кои ги нуди Инбох, сè се повеќе барани од страна на домашни и странски компании за подобрување на нивните работни процеси. Последователно на зголемениот обем на работа, се појави и потреба од инвестиција во зголемување на капацитетот на сталажниот систем во Архивското Депо.

Free Technics – лидери за сталажни системи на пазарот на Црна Гора и пошироко на Балканот, апсолутно ги исполнија сите побарувањa на стандардите и го спроведоа целиот проект на изведба со врвна професионалност. Сталажниот систем е отпорен на корозија и гребење и целата контрукција е сеизмички отпорна. Капацитетот на оптовареност по палета е 800 кг.

Сталажниот систем кој што го конструиравме во Инбох е според највисоки европски стандарди. Проектиран е со сеизмичка отпорност до 9 степени според Рихтер. Истиот е поцинкуван, нема никаква боја на него, што значи дека е незапалив. Ние сме задоволни од изведбата и комуникацијата низ целиот проект и гледаме со особено задоволство во понатамошна соработка – изјавува г-дин Никола Брновиќ од Free Technics.

Споделете на социјални мрежи
Направи си понуда