Стратешко партнерство: Инбох – Микрокоп

И нбох – Архивски дата центар пристапи кон уште едно стратешко партнерство со Микрокоп доо – Љубљана, Словенија се со цел исполнување на своите долгорочни цели за раст, развој и иновации. Микрокоп д.о.о. Љубљана е матицатa на компаниите кои ја сочинуваат Групацијата Микрокоп. Сите компании во групацијата работат за унапрeдување на безхартиеното работење во сите деловни процеси. Микрокоп е компанија со речиси 200 вработени, со повеќе од 300 задоволни клиенти и над една милијарда обработени документи, и како таква е водечки снабдувач на paperless решенија во Јадранскиот регион.

Партнерството со Инбох е со цел на македонското бизнис општество да понуди интелигентна алатка за комуникација и управување со деловни процеси и документи со што секоја компанија би можела да ги унапреди своите вработени преку непречени бизнис процеси и да им овозможи носење на деловни одлуки засновани на вистинските информации.

Симона Коговшек (Микрокоп): Во Микрокоп силно веруваме дека иднината е во градењето на партнерства за да им ги обезбедиме на клиентите најдобрите дигитални решенија, со што ќе им овозможиме да ја зголемат ефикасноста и да ја подобрат усогласеноста. Задоволни сме што остваривме такво партнерство со добро воспоставена и доверлива компанија како Инбох – Архивскиот дата центар.

Партнерството со Инбох ни овозможува да ја следиме нашата мисија и да им помогнеме на нашите клиенти да преминат на дигитално работење на сите пазари каде што работиме. Како добавувач, имаме за цел да обезбедиме безбедна, високо сигурна и законски усогласена платформа која ќе им овозможи на своите корисници ефикасно да одговорат на клучните деловни предизвици и со тоа да ја оптимизираат нивната рентабилност.

Нашиот партнер, ИНБОХ, исто така, не предизвикува со иновативни пристапи и идеи, кои за возврат ни овозможуваат постојано да се подобруваме и да станеме се подобар давател на решенија.

 

Стојче Тасков (Инбох): 

Со Микрокоп се запознавме пред 2 години и од нашата прва посета во Словенија, очигледно беше дека имаме заеднички интереси и живееме исти вредности. Потоа развивме одлична комуникација, неколку меѓусебни посети и на таа основа со текот на времето изградивме и меѓусебна доверба. Тоа се цврсти предуслови за одржливо партнерство.

 

Во ова партнерство Микрокоп е наш технолошки партнер. Тие се наш добавувач на многу софистицирана платформа за тотално дигитално работење, која веќе ја употребуваат најуспешните компании во регионот, која е ускладена со правилата на ЕУ и барањата на GDPR. За нас тоа создава голема конкурентна предност и истовремено голем бизнис предизвик.

Инбох на основа на таа технологија ќе направи Бизнис Модел иновација која има 3 стратешки цели. Да ја поедностави платформата преку создавање на едноставни модули, кои се интуитивни и лесни за користење. Со ова сакаме да ја отстраниме бариерата на сложеност како пречка за употреба на дигиталната технологија. Да ја зголеми достапноста, со ставање на платформата во Cloud со што употребата може да се стартува со едноставно логирање од било кој уред и третата цел е да изгради ценовен модел на претплата каде и најмалите компании за почетна цена од 100 евра месечно, ќе можат целосно да преминат на дигитално работење на платформа која според функционалностите и можностите би можеле да си ја дозволат најголемите компании во нашата држава. Ние ќе ја направиме достапна за Сите!