Cloud DMS/ERP имплементатор

Инбох ДООЕЛ Скопје, Ве поканува да учествувате и да допринесете во развојот и одржувањето на најиновативниот модел за управување со електронски документи.

Како Cloud DMS/ERP имплементатор, Вие ќе ги имате следниве одговорности:

  • имплементација на софтверски решенија кои ги исполнуваат барањата на компанијата и корисниците во договорените рокови, односно правилно функционирање на постоечките апликативни решенија и решавање на евентуални проблеми во работењето без нарушување на бизнис процесите;
  • Анализира на деловните барањата за промени во апликацијата и обезбедување потребни влезни податоци и испорачаните функционалности
  • Одржување на софтвер: следење на работата и мониторинг на системот, промени во софтверот согласно дефинираните стандарди, потреби и утврдени недостатоци, фабричко тестирање и корекција на грешки откриени во текот на фабричкото или корисничкото тестирање;
  • Активно истражување и предлагање на примена на нови технологии / решенија во својот домен на работа, учество во планирањето и изработката на стандардите за програмирање;

Вие сте нашиот избор доколку :

  • Имате искуство во имплементација/интеграција на системско решение (конкретно во имплементација на DMS, ERP решение)
  • Имате напредни познавање и искуство со Windows server systems, познавање на JavaScript / C # programming, како и MS SQL
  • Комуникациски способности, способност за координација со останатите организациони делови во компанијата, иницијативност, тактичност, креативност, доверливост

Зошто Инбох ?

  • Одличен тим на вработени
  • Работа со бренд – клиенти на македонскиот пазар
  • Трансферот на знаења од други сродни полиња и можноста за професионална обука

Вашата професионална биографија испратете ја на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 31.07.2019 година.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.