facebook pixel

Информации

Информации

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ



Ова е официјална страна на Инбох дооел.

Инбох дооел – Скопје има комплетни авторски права врз содржината на веб страницата.

Корисниците кои пристапуваат до официјалната страница на Инбох дооел ги имаат следните права:

  • - Да ја прегледуваат содржината.
  • - Да превземаат, преведуваат или користат дел од информациите поставени на страницата исклучиво само со цитирање на изворот.
Веб страницата на Инбох дооел – Скопје претставува збир на податоци и информации од информативен и едукативен карактер. Инбох дооел – Скопје го задржува правото да ја менува содржината и структурата на веб страницата во секое време без претходна најава.

Производите и услугите опишани на оваа веб страница се однесуваат исклучиво на Инбох дооел – Скопје и се во комплетна сопственост на Инбох дооел.

Секој обид да се промени изгледот и содржината на страницата, со исклучок на правниот сопственик Инбох дооел– Скопје и дозволува на компанијата еднострано и без последици да ги користи своите права и да побара санкции за сторителите од надлежните служби.

Ова лого припаѓа исклучиво на Инбох дооел и не може да се користи без да се има претходна писмена согласност.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ



Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информации што Инбох ги собира од нив. Со пристапот или со аплицирањето на одредени предефинирани форми за аплицирање од оваа страница, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на аплицирање. Доколку корисникот не се согласува со овие услови го молиме да не пристапува и да не аплицира на предефинираните форми на оваа страница.

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ

Кога корисникот ќе аплицира на некои од предефинираните форми за пристап, кариера, едукација и сл, од него ќе бидат побарани одредени податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да може да аплицира.

Лични податоци можат да ви бидат побарани при посета на страницата на Инбох во следните наведени случаи:

  • - При поставување прашање или искажување мислење во врска со содржината на страницата, како и за услугите и продуктите понудени на истата.
  • - При аплицирање за работна позиција (отворен оглас / база на апликанти за вработување)
  • - Барање на понуда
  • - Барање за пристап за “Виртуелна тура„.
Со самото прифаќање на условите на користење и политиката за приватност, се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци.

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Инбох дооел ќе ги обработува и чува Вашите лични податоци собрани преку предефинираните апликации на Веб страната www.inbox.com.mk во согласност со Законот за Заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во РМ. Вашите лични податоци нема да бидат неовлаастено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено можат да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Целокупната документација за заштита на лични податоци е во согласност со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk