facebook pixel
Колку се важни податоците кои ги чувате на вашите сервери за нормално функционирање на вашето деловно работење?

Доколку податоците со кои располагате се неопходни за нормално дневно извршување на вашата дејност или нивното чување и одржување е законски утврдено и регулирано, тогаш сигурноста на податоците е основата на континуитет на работењето и вашата иднина.

Природна непогода, прекин на електрична енергија или електричен шок, пад на сервер, вирус, неовластен упад или физичко унишутвање на серверите... Постојат најразлични причини кои можат да го сопрат нормалното извршување на вашите работни задачи.



Во Архивскиот центар ИНБОХ создадовме дата центар за безбедносно чување на вашите податоци. Од Е-mail пораки и документи, до базите на податоци и содржината на вашиот Intranet, вашите највредни податоци ќе бидат безбедни со нас. Ќе направиме копии и ќе ги чуваме на издвоена локација која се одликува со редундантност на сите подсистеми и комплетна електронска и физичка безбедност, креирана според највисоките светски стандарди.

Потребна ви е поголема достапност? Во случаите каде што вашите деловни потреби инсистираат на пократко време на обновување на дефектен систем, ќе чуваме идентични копии на вашите сервери кои дневно ќе се надградуваат со вашите последни податоци. Во случај на дефект, ќе извршиме експресна достава, било каде во земјата. Вашиот бизнис нема да претрпи загуба.

Сигурноста ќе ја гарантираме со комплетно реплицирање на НАШАТА инфраструктура – оддалечена најмаку 100 километри од примарната локација, со што вашите податоци ќе бидат безбедни и во случај на непогоди од регионален размер. Вие добивате заштита од трет степен.

CONTENT

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk