Александар Зорбовски – Менаџер за безбедност и квалитет во Инбох на овогодинешната конференција на INFOSEC New Technologies (INT 2019)
Нова Горица – Словенија, 12 – 14 јуни,
Се одржа конференцијата INFOSEC New Technologies (INT 2019), во конференцискиот центар Перла (ХИТ). Настанот претставуваше одлична можност за најдобрите експерти за безбедност на информации на едно место да ги презентираат најновите технологии поврзани на темата и да обезбедат одговори на различни прашања поврзани со чувствителноста на безбедноста на информациите.
Александар Зорбовски – Менаџер за безбедност и квалитет во Инбох, беше поканет како презентер на оваа конференција на која зборуваше за две интересни теми од областа на заштита на информациите – 1. Collecting data, requires protecting data; 2. Taking advantage of natural tendencies and emotional reactions of humans.
Двете теми на кои зборуваше Александар имаа во себе една заедничка поента, факторот – човек како најголем ризик и закана за протек, штета или злоупотреба на информациите. Александар е сертифициран со сертификат за управување со безбедноста Dip.CSMP®, со 17 години искуство во областа на безбедност, како на локално, така и на меѓународно ниво. Неговото професионално искуство и знаење го насочува кон тоа да инспирира и да ја поттикне свесноста за безбедноста на сите нивоа во корпорациите.
“Мојата работа подразбира препознавање на ризиците и препораки за воведување на механизми за намалување на вредноста на ризикот, преку различни методологии. Статистиката покажува дека одсекогаш најголем фактор за загрозување на безбедноста на податоците или информациите е човечкиот фактор и тоа докажано преку невнимание или несвесност. За жал овие бројки негативно се зголемуваат.“ – изјави Зорбовски.
Александар зборуваше за дигиталната трансформација и дигитализација кои одат напред и се развиваат со голема брзина, за способноста на генерациите да ја следат истата. Да се биде дел од дигиталната ера е желба, но се повеќе е потреба, се со цел олеснување и прилагодување на секојдневниот живот, но истовремено се соочуваме со голема потреба да ги заштитиме податоците кои претставуваат ресурси на овие технологии. Среќавајќи се со големи техно-генерациски разлики, каде за да се продолжи со функционалност и комфорт се занемарува безбедноста. Но правилно поставена таа може да одржи безбедна средина, во која целите и визиите на организациите ќе се спроведуваат во здрави еко-безбедни системи.