УСОГЛАСЕНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ
Бизнисот ги исполнува стандардите
Водењето бизнис во дигиталниот свет е предизвик и бара смели активности и деловни партнери кои можеби никогаш нема да ги видите лично. Ситуацијата со дигиталните документи е уште поголем попредизвик поради чувствителноста на податоците и технолошките промени.
Затоа, регулаторните тела напишаа милиони параграфи во членови, рамки и прописи за да постават ПРАВИЛА.
Digital office во својата платформа ги инкорпорираше сите регулативи на ЕУ и локални (како eIDAS, MoReq2, GDPR), осигурувајќи дека секој процес, дејство или зачуван документ може да биде законски валиден, одржувајќи ја автентичноста и долгорочната важност на највисоко ниво.
„Како дигитално и правно валидно да водиме бизнис “ е за зачувување на интегритетот и автентичноста на документите и податоците“.
„Станува збор за елиминирање на рачните процеси и човечките грешки со пристапот за наменски вградена усогласеност“.
Наменска усогласеност
Постојано земаме активна улога во усогласувањето со сите нови регулативи, и на ЕУ и локално издадените во врска со давателите на услугата електронско складирање. Следејќи го принципот „Наменска усогласеност“ применуваме систематски пристап за исполнување на регулаторните барања во мануелните и автоматизираните задачи и процеси.
- Изворен код и безбедносна проверка на системот според добрата практика на OWASP.
- Потврда на дигиталниот потпис на секој документ
- Потпис и временски печат од Digital Office на сите зачувани документи (стандард XMLERS и RFC 3161) со што се обезбедува интегритет.
- Сертифициран електронски систем за архивирање, сертифициран од ЕУ (Словенија)
- Усогласеност со GDPR, бидејќи има методи за сокривање чувствителни податоци, поставување дозволи и следење на ревизорските дневници до какви било дејства на корисникот
- Обезбедена пристапност на долг рок
Поставете високи стандарди – обидете се со Digital Office.
Контактирајте нѐ
За ефикасност и поголема контрола