ФИЗИЧКО АРХИВИРАЊЕ
Бизнис се води со факти и докази. Ние ги организираме, чуваме и правиме фактите секогаш достапни!
Употребете системски пристап во организирањето и чувањето на сите документи и информации, со напредна технологија што истите ги прави достапни во секое време.
“Меморијата е голема база
спомени, која со текот на
времето избледнува. Затоа
во бизнисот се работи само
со документи “
БЕНЕФИТИ
Ја максимизира ефикасноста во менаџирањето на документацијата преку интегрирано WEB базирано архивско решение за физичко и дигитално управување со документи.
Го елиминира ризикот од менаџирање на оригиналните документи, со тоа што нивната секојдневна употреба се заменува со “Скенирање по потреба„ опција што означува скенирана копија од документот да биде доставена.
Го минимизира времето на исполнување на налозите за архивирање, позајмување и повторно архивирање на документација. Решението за баркод следење, обезбедува интегритет во секое движење на документите помеѓу Клиентот и ИНБОХ.
Типови на услуги:
1. Складирање (чување) на податоци
Основната услуга која можете да ја користите од Инбох е физичко архивирање. Под “основна услуга„ се подразбира дека единствена трошковна ставка за Вас е безбедносното чување на Вашата документација. Вие самостојно го доставувате архивскиот материјал во Инбох и самостојно го подигнувате кога Ви е потребен.
2. Логистички сервис (услуги) за архивирање
Преземањето и испораката на документацијата се извршува со нашите специјализирани возила од и до Вашите деловни простории. Имаме строго дефинирани рути и имплементиран систем од 6 контролни точки од кој во секое време ја знаеме точната локација на документацијата. Нашите возила се обезбедени со ГПС уреди и нивното движење за време транспорт е постојано мониторирано.
3. Сервис за селекција и уништување
Архивската технологија од Инбох е најдоброто решение за успешно менаџирање на документи со рокови на чување. Пресметката за истек на законскиот рок ја врши на основ на датумот на затварање на документот и неговиот соодветен архивски знак.
Контактирајте нѐ денес
За ефикасност и поголема контрола