Складирање (чување) на податоци
Oсновната услуга која можете да ја користите од Инбох е физичко архивирање. Под “основна услуга„ се подразбира дека единствена трошковна ставка за Вас е безбедносното чување на Вашата документација. Вие самостојно го доставувате архивскиот материјал во Инбох и самостојно го подигнувате кога Ви е потребен. Обврската тој архивски материјал да биде организиран, класифициран, индексиран, баркодиран и испорачан останува на Ваша страна. Наша обврска е да му доделиме уникатна локација во нашето архивско депо и да ви го предадеме кога би го побарале во нашите клиентски простории. Основната услуга за архивирање е многу погодна за Вас доколку имате пасивна архива, документи од/за ликвидирани компании, односно документација која што законски имате обврска да ја чувате, но од истата немате чести побаруваања.
Основната услуга може да биде надградена во секое време и Инбох би ги презел обврските за баркодирање, организирање и структурирање на Вашиот архивски материјал, ќе Ви овозможи пристап до Cloud Archive Solution и ќе извршува селекција, преземање, испорака или ќе ги спроведува постапките за уништување на документацијата. Сите услуги поврзани со физичкото архивирање се опционални и можат да станат дел од заедничката соработка на Ваше барање во секое време.
Ние имаме три типа на простори за Физичко архивирање:
Стандардно архивирање: Овој вид на архивирање претставува архивирање на стандарди архвски кутии со документација со пропишани периоди на чување. Ваквите архивски кутии се чуваат во главните магацини и се класифицирани како економска класа за архивирање. Стандардните архивски кутии можат да бидат економични или компактни (* хиперлинк продукти портфолио тука), зависно од структурната сила на кутијата и нејзиниот капацитет за складирање (3-4-5 стандардни регистратори или неструктурирана документација). Кутиите можат да бидат преземени и да се чуваат кај нас како отворени кутии или пломбирани кутии. Сите кутии се чуваат на структурни метални полици.
Aрхивирање на досие/папка: Ваквото архивирање подразбира компактно архивирање каде Вашите архивски материјали и документи се архивирани на ниво досие/папка. Овој вид на чување зависи од Вашата практика на управување со архивата и од побарувањата на документацијата. Секоја ставка е означена/баркодирана на ниво папка/досие или дури и означување на ниво на документ. Овој вид на чување на документација секогаш е од отворен тип и од таа причина овие единици за чување се со дополнителни безбедносни мерки на принцип на пристап со персонален клуч.
Безбедносен архивски сеф – со регулирани микроклиматски услови и надградена конструкција и безбедносни мерки (за критични и витални податоци складирани на електронски или магнетни медиуми)
Архивскиот безбедносен сеф е дефиниран објект со зголемена статика, микроклиматска регулација и 3 паралелни нивоа на безбедност. Пристапот до овој објект е биометриски со посебна алармна заштита и 24/7 видео надзор.