Координатор за човечки ресурси

Нова можност за координатор за човечки ресурси да се приклучи на нашиот тим и најдобро можеме да ја опишеме оваа улога и личност преку следнава актерска скрипта:

Улога за главниот лик во новата хит серија „Приказната за одличен координатор за човечки ресурси“

„Личност полна со љубов, полна со емпатија и знаење, која го користи својот интелект, енергија и вредности за да создаде и одржува организациска култура во која човечкиот потенцијал инспириран од целта, најдобро ги користи компетенциите за создавање вредности на корпоративни перформанси“.

Опис на ликот:

Херојот на нашата приказна е добро образована личност, има минимум високо образование во широк домен на општествените студии (право, социјално, човечки ресурси) и може да допринесе значајно работно искуство во работата со луѓе и за луѓето во корпоративната сценографија. Ова е меѓународна серија блок-бастер, па затоа е потребно познавање на течен англиски на главниот лик.

Работни обврски:

Главниот лик превзема лична одговорност за администрацијата на човечките ресурси, и воспоставува секојдневен работен систем, процедури за човечки ресурси во кои сите вработени можат да ги користат сите законски права и придобивки од нивните договори за вработување без посебен напор. (интуитивно и на барање). Нашиот херој, исто така, ги знае и ги спроведува сите законски барања, обезбедува усогласеност со законот и ги елиминира ризиците поврзани со регулативата. Тој е многу
интелигентен и реалистичен, знае што не знае и користи интерни услуги за поддршка или надворешни консултантски услуги за секогаш да остане до мисијата – ,,”нула прифатлив регулаторен ризик,,.

Главниот лик додека напредува низ сценариото, ја превзема улогата на координирање на главните функции за човечки ресурси со нашиот деловен партнер за човечки ресурси и Управниот одбор, за да се осигура дека INBOX во секое време има стратегија и активни процеси кои ни овозможуваат:

– Идентификување и регрутирање
– Развивање и задржување

Најдобрите човечки ресурси достапни за нашата индустријa!

Квалификации и надоместоци:
-Универзитетска диплома
-2+ години искуство
-Конкурентна плата пропорционална на искуство
-Одличен баланс помеѓу работата и животот

Доколку сакате да се придружите во тимот аплицирајте на jobs@inbox.com.mk

Краен рок за пријавување е: 05.10.2022 година