СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ
ИНБОХ ДООЕЛ Скопје, компанија со уникатна дејност – професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, има потреба од вработување на правник насочен кон континуиран професионален раст и развој, за работната позиција:
Стручен соработник за правни работи и корпоративно управување
Основен ангажман на Соработникот за правни работи и корпоративно управување:
- во склад со Законите, правната форма на друштвото и одлуките за стратешко управување, има обврска да создава и одржува ефикасен систем за корпоративно управување и да ја заштитува законитоста и правата на компанијата и нејзините сопствениците
- постојано стручно да се усовршува во предметното поле на овластувања и да се вмрежува во професионални и деловни асоцијации и здруженција, од каде ќе црпи знаења, ќе создава позитивни професионални и деловни врски и релации и истите ќе ги става во функција на зголемување на угледот и на активната промоција на деловниот потфат на ИНБОХ
- да создава, менува и да ги одржува сите корпоративни правни акти кои се законски пропишани согласно правната регулатива која се однесува на трговската форма на ИНБОХ , како и интерните правни акти со кои се регулира корпоративното работењето на ИНБОХ
- да ја гарантира законитост во работењето на ИНБОХ и спроведувањето на Одлуките на сопствениците преку изработка на интерни правни акти
- да следи, известува и превзема дејствија за отстранување или неутрализација на изложеноста на правни ризици
- во склад со интересите на деловниот потфат на ИНБОХ да ги регулира сите Деловни облигациони односи (интерни и екстерни) и да ги претвора во јасни, прецизни, временски, суштински и трошковно прецизно одредени правни односи
- да воспоставува и одржува комуникација со надворешни правни Соработници и Советници, со надворешни Адвокатски и Нотарски канцеларии и Извршители, со државни институции, Домашни и Мегународни асоцијации од деловната област на ИНБОХ, (архивско работење и чување и заштита на податоци) и Меѓународни асоцијации и Агенции кои даваат предметна/финансиска или корпоративна помош и поддршка во работењето
- да се грижи за примена на професионалните компаниски стандарди, системот за квалитет, пропишаните процедури и за професионална презентација на брендот пред клиентите
Кандидатот треба да поседува:
- Образование: ВСС – Правен факултет
- Искуство: 1-2 години
Способности и вештини:
- Способност за тимска работа
- Лична одговорност и ефективност
- Добро знаење на англиски јазик и компјутерски вештини
- Позитивен став , амбициозност, енергичност и прилагодливост
- Издржливост и способност за работа под притисок
Што нудиме:
- Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок
- Два дополнителни бонус слободни денови во годината
- Конкурентна плата и бенефиции
Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 31.03.2024 година, со назнака: “Стручен соработник за правни работи и корпоративно управување”.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.