Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информации што Инбох ги собира од нив. Со пристапот или со аплицирањето на одредени предефинирани форми за аплицирање од оваа страница, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на аплицирање. Доколку корисникот не се согласува со овие услови го молиме да не пристапува и да не аплицира на предефинираните форми на оваа страница. 

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ 

Кога корисникот ќе аплицира на некои од предефинираните форми за пристап, кариера, едукација и сл, од него ќе бидат побарани одредени податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да може да аплицира. 

Лични податоци можат да ви бидат побарани при посета на страницата на Инбох во следните наведени случаи:

  • – При поставување прашање или искажување мислење во врска со содржината на страницата, како и за услугите и продуктите понудени на истата.
  • – При аплицирање за работна позиција (отворен оглас / база на апликанти за вработување)
  • – Барање на понуда
  • – Барање за пристап за “Виртуелна тура„.

Со самото прифаќање на условите на користење и политиката за приватност, се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци. 

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

Инбох дооел ќе ги обработува и чува Вашите лични податоци собрани преку предефинираните апликации на Веб страната www.inbox.com.mk во согласност со Законот за Заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во РМ. Вашите лични податоци нема да бидат неовлаастено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено можат да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон. 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

Целокупната документација за заштита на лични податоци е во согласност со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Направи си понуда