Специјално дизајнирани архивски кутии за Архивска или Канцелариска употреба
Ние знаеме дека различни организации имаат различен начин на класификација, сортирање и пакување на нивниот архивски материјал. Некои организации ги средуваат документите на ниво на Папка/фолдер, некои на ниво на регистратор, додека некои едноставно ги чуваат на ниво на предмет – документ.
Ние развивме продукт за секоја од овие потреби. Нашите производи им помагаат на клиентите да си ја средат документацијата, да ја организираат според своите потреби и да ја складираат во соодветна архивска кутија која одговара на тие потреби.