Инбох EDITION БОХ

Инбох EDITION кутија е специјална класа на архивска кутија со најголема издржливост, која е изработена од најцврст картон. Истата е наменета за организации кои имаат голем обем на архивски материјал кој се чува во организиран архивски простор. Димензиите на кутијата се ставени во пропорција која одговара на големи архивски сталажни системи но истовремено се вклопува и во стандардни канцелариски плакари.

Спецификации

– Димензии 40 х 36 х 29 цм
– Дизајнирана за СТАНДАРДНИ АРХИВСКИ ОПЕРАЦИИ. Таа е произведена од 5то слоен картон со бела заштитна обвивка.
– Дизајнирана за складирање на 5 стандардни регистратори.
– Дизајнот овозможува чување на големи архивски предмети со техничка документација или 2 архивски влошки.
– Заради нејзината големина, таа не е погодна за честа манипулација и чување на документи организирани на ниво на документ или несредена А4 документација бидејки е кабаста, тешка за подигање и спуштање (наполнета) и мнгоу потешко се пронаоѓа содржина која е складирана несредена во голема кутија.