Инбох STANDARD БОХ

Инбох STANDARD кутија е универзална класа на архивска кутија која е наменета за организации кои имаат голем обем на архивски материјал кој се чува во организиран архивски простор. Димензиите на кутијата се ставени во пропорција која одговара на големи архивски сталажни системи но истовремено се вклопува и во стандардни канцелариски плакари.

Спецификации

– Димензии 40 х 36 х 29 цм
– Дизајнирана за СТАНДАРДНИ АРХИВСКИ ОПЕРАЦИИ. Таа е произведена од 5то слоен картон со бела заштитна обвивка.
– Издржливост на кутијата по извршен BCT (Box Compression Test) – 2945 N т.е 300kg и ECT(Edge Compression Test) – 7.5KN/m.
– Дизајнирана за складирање на 5 стандардни регистратори.
– Дизајност овозможува чување на големи архивски предмети со техничка документација или 2 архивски влошки.
– Заради нејзината големина, таа не е погодна за честа манипулација и чување на документи организирани на ниво на документ или несредена А4 документација бидејќи е кабаста, тешка за подигање и спуштање (наполнета) и многу потешко се пронаоѓа содржина која е складирана несредена во голема кутија.