Со дигитализација на Вашите документи, Вие создавате услови за ефикасно работење и подобра иднина на Вашата организација .
Кога минатото на Вашата организација е преточено на начин кој функционира непречено со сегашноста, Вие сте обезбедиле цврста основа за иднината на Вашата компанија. Да преминете на “дигиталнo” во денешно време, не е само предност. Туку е вистинска потреба. Зачувајте ги Вашите хартиени документи во сигурна и безбедна околина, со тоа што ќе ги оперирате во дигитална форма.
Дигитализацијата може да се изврши на два начини:
1. AD-HOC Дигитализација или Дигитализација по барање. Кога Ви е потребен дел од документацијата да Ви биде скениран, Вие се повикувате на AD-HOC дигитализација. Како пример, ние можеме за Вас, да ги дигитализираме Вашите финансиски записи од одреден период кои биле побарани од Внатрешна ревизија во Вашата организација или досиеата на вработени во производствниот сектор за потребите на службата за човечки ресурси. Вие одбирате кои документи Ви се потребни за секојдневно оперирање и Ви е од голема полза да Ви бидат достапни на дофат на рака. Воедно, Вие го одбирате најпогодниот формат на дигиталните копии за да можете да оперирате со Вашите документи без никакви пречки.
2. Програмска (системска) Дигитализација. Со овој тип на дигитализација, документите се скенирани во целост со пре-дефиниран план. На пример, ние можеме да ги скенираме Вашите кориснички договори на месечна основа. Или, можеме да ги скенираме сите Ваши влезни фактури на неделно ниво. На овој начин, овозможувате Вашите вработени да дејствуваат со највисока ефикасност, затоа што им овозможувате нивната активна документација да им биде достапна со еден клик.
Дигитализацијата го чува безбеден оригиналниот документ. Бидејќи 95% од времето, на Вас Ви е потребна само информацијата, но не и самиот физички документ, со обезбедувањето на дигитална копија, Вие го зачувувате оригиналот безбеден. Во секое време, хартиените документи се губат од страна на вработени, се оштетуваат, дури и се крадат. Со користењето на електронска копија од документот, оригиналот е сигурен и безбеден во соодветен складишен простор.
Дигитализацијата Ви штеди време. Кога веќе документот е дигитализиран, Вие имате се што Ви треба на Вашето работно биро, на Вашиот состанок или кога сте на интернационална конференција. Немате потреба да губите скапоцени работни часови за да најдете една единствена информација. Сите вработени во Вашата организација се фокусираат на главната дејност и продуктивноста расте.
Ние Ви овозможуваме најдобро познавање за услугите на дигитализација. Нашите експерти ќе ја анализираат Вашата документација и ќе Ви достават План за дигитализација. Истиот ќе содржи предлози за најпогодно процесирање на слики, тагирање (заведување) на индекси и најсоодветен излезен формат на дигиталната копија. Ние креираме кратка демо-презентација на Вашата документација за дигитализирање, за да можете да ги искусите бенефитите на услугата преку нашата апликација.
Ние можеме да ги дигитализираме СИТЕ Ваши записи/документи.
Без разлика на големината на документот, ние можеме да му создадеме дигитална копија. Од А0 до А8, стандардни и нестандардни хартиени формати, медиа (микрофилм, микрофиш), 2Д или 3Д мапи и уметнички цртежи, ренген снимки, итн, ние сме опремени да можеме да искенираме се што Вие имате/поседувате како запис или документ. Ја имаме најдобрата хардверска и софтверска технологија за да можеме да одговориме и на најтешките предизвици кога станува збор за дигитализација.