Дигитализација на документи, слики и архивски записи

Дигитализација е процес на конверзија на Вашите хартиени документи или медиумски записи во специјален дигитален формат од траен карактер.

1. Дигитализација на стандардни формати на документи

Нашиот скенинг центар е опремен со најновата технлогија на скенери. Се што Ви е потребно од скенирање на документи, дали Ви е потребно да скенирате бизнис картички и технички елаборати со шеми и мапи од А0, А1, А2 – ние ја имаме најдобрата технологија за било кој стандарден формат.
За најчестите формати на документи, А4 и А3, имаме скенери со капацитет на скенирање од 100 страни/200 слики во минута, 600 dpi оптичка и 600 dpi излезна резолуција. Нашите скенери работат на софтвер кој овозможува најквалитетно процесирање на слики и најпогодни излезни

формати. Нашите скенери имаат DUAL LED илуминација, Ултрасонична multi-feed детекција и Интелигентна алатка за заштита на документот при процесирање.

За големите формати, како што се А0,А1, А2 ги поседуваме најбрзите скенери за големи формати на пазарот со напредна CCD технологија и се единствените широкоформатни скенери со способност да процесираат цел спектар 48 битни податоци во боја, обезбедувајќи најверна дигитална копија на оригиналната. Овие скенири имаат оптичка резолуција до 1200 dpi и максимална резолуција од 9600dpi, со што можат да ја продуцираат најквалитетната дигитална копија која што Ви е потребна.

Излезните формати се: TIF, JPG, PDF, PDF/A, JPEG, BMP, итн.

2. Дигитализација на специјални (нестандардни) формати на документи

Сите документи не се на чиста А4/А3 хартија. Голем дел од документарен материјал (особен тој кој што се смета за културно наследство), се наоѓа на нестандардни формати како што се книги, магазини, весници, уметнички слики, рачно пишувани или отчукани ракописи, писма и белешки на ексклузивно тенка хартија, правни документи како нотарски акти, итн. Скенирањето на овие типови на документи бара најдобра хардверска и софтверска технологија и тим од експерти. Ние го имаме ова за Вас.

Кога ќе донесете одлука да ги скенирате Вашите нестандардни документи, ние примарно ќе составиме дигитализациски план за Вас. Во овој план ќе ја пресметаме количината на секој формат, ќе ви дадеме предлог за најповолниот квалитет, најпогодно проццесирање на слика и излезен формат. Одлуката што финално ќе биде најдоброто решение за Вас, е секогаш на Ваша страна.

За Вашите документи од чувствителна природа (лесно оштетливи), документи кои се врзани или прицврстувани, обезбедивме безконтактно скенирање со репродукциско светло, за книги – автоматско позиционирање, скенирање преку стакло, се зависно од потребите и од самите документи. Скенерите коишто ги поседуваме за овој вид на скенирање се за масовни дигитализација и се потпираат на стабилност, продуктивност и високо-квалитетни репродукции.

Погледнете ВИДЕО за бесконтактно-ласерско скенирање на оригинали

3. Дигитализација на микро-филм и микро-фиш

Микро форматите како што се микро-филмот и микро-фишот се употребуваат уште од 19 век за потребите на трансмисија и чување на податоци. Во 1936 година, методот за складирање на информации официјално му припаднал на микро-филмот, особено 35мм микро-филм ролна. Многу организации го користеле овој метод за зачувување на информации низ годините. Проблемот на овој медиум било користењето на тие информации. Податоците на овој медиум се достапни исклучиво со дополнителна направа – оптички читач, со што нивната корисност станала се покомплицирана. Затоа организациите и институциите започнале да бараат решение за да ја вратат употребливоста на зачуваните податоци.

Ние ја имаме технологијата, која може да ја врати достапноста на вака чуваните информации. Поседуваме технологија која што може да конвертира микро-филм ролни или микро-фиш во дигитални копии. Нашиот скенер за конверзија на микро формати има оптичка камера со висока резолуција од 26 мега пиксели која што е најодбрата камера која може да се набави. Скенерот скенира до 10 слики во минута од филмска ролна и 20 слики од микро-фиш користејќи оптички зум од 7-105 пати.

Погледнете ВИДЕО за дигитализација на документи кои се запишани на 16мм Микро филм

4. Дигитализација на рентген снимки, 3Д, 2Д

Ако Вашата организација има транспарентни документарни материјали од секаков вид како рентген снимки, 35мм микрофилм, аспект картички, исцртувачки матрици, сепиа и филм и доколку сакате да ги конвертирате овие материјали во пристапна дигитална слика, ние ја имаме услугата за Вас. Ние имаме скенери кои можат да скенираат транспаретни материјали со помош на додатна единица за позадинско светко. Оваа технологија која што ја поседуваме се смета за два пати побрза од најблиската конкуренција, бидејќи е способна да го искенира целиот формат со 300 dpi во боја за само три секунди. Овој скенер е отпорен на гребаници, не-рефлективно стакло кое што целосно ги опфаќа краевите на скенерот, со што скенирањето на материјалот е со 100 осто заштита.

Погледнете ВИДЕО за X-RAY дигитализација
Нашите скенери имаат револуционарен 3Д скенинг модел, кој што ги опфаќа текстурите на површините толку совршено, што дигиталната копија изгледа реално. Доколку Вашата организација е од медицински, владин, индустриски или графички сектор, оваа услуга е многу апликативна за Вас.