Електронска архива

Брзо-растечкиот дигитален свет, заедно со присуството на “паметните” уреди налага сите информации да бидат достапни секаде и во секое време. Во денешно време, секоја организација настојува да ги задоволи своите клиенти со доставување информации на рака.

Ако Вашата организација сака да ја унапреди продуктивноста кон крајните корисници, да го оптимизира пребарувањето и побарувањето на информациите, да ја подобри сигурноста и безбедноста на податоците, да води евиденција на движењето на информацијата – тогаш на Вашата организација и е потребно соодветно електронско – архивско решение.

Ние Ви нудиме интегрирано решение за физичка и електронска архива – Кога станува збор за електронско архивирање, ние ја имаме нашата Cloud – архивска апликација – Envision како совршено решение за Вашата организација. Нашето Cloud – архивско решение е интегрирана солуција за Вашите физички и електронски податоци. Независно дали Вашата документација ја чувате во Ваши складишни простории или пак е складирана во документарен центар, користејќи го нашето решение, Вие имате на располагање баркод единици и мета-полиња за индексирање на секоја единици (документ, папка, регистратор, кутија итн.) која што сакате да ја архивирате (регистрирате).

Откако една архивска единица е баркодирана и индексирана, таа станува дел од Вашиот електронски регистар и истата можете да ја повикувате неограничано во различни дигитални формати.
(AFP за принт, PDF/Accessible, PDF/A (Archive), PDF за е-презентација, JPG, TNG инт.) или да ги повикувате физички со креирање на работни налози за физичка испорака на физичкиот документ. Нашето решение за електронско архивирање ги чува виртуелно сите типови на документ и овозможува истите да Ви бидат достапни во секое време, на било која локација со строги сигурносни и безбедносни протоколи и со генерирање лог за секоја активност. Вие самостојно ја креирате листата на авторизирани лица кои ќе пристапуваат до Е-архивата. Нивните привилегии и пристапи се исто така дефинирани согласно Вашите потреби и интерни политики.

Ние ви даваме едноставен пристап – Нашата Cloud Архивска апликација е веб-базирано решение. Не Ви се потребни инсталирања и одржувања на системи кои можат да бидат прескапи. Не Ви е потребна никаква посебна техничка спецификација за да можете да пристапите до нашата апликација. Се што Ви треба е интернет. На тој начин ја имате Вашата архива, документи и информации 24/7 каде и да сте.

Ние Ви овозможуваме флексибилност кога е во прашање Вашата електронска архива – Користејќи ги нашите услуги за Дигитализација (повеќе информации), ние можеме да го регистрираме и архивираме секој вид на содржина (хартиен, електронски, медиа) во нашата Cloud – архивска апликација. Документите можат да бидат архивирани во нивниот оригинален формат или во долгорочен презервативен усогласен формат. Вие го одбирате форматот кој што е најупотреблив за Вас. Сите документи кои што се скенирани и регистрирани во нашата апликација се организирани со флексибилен корисничко-дефиниран план за индексирање (креиран во согласност со Вашиот, дозволувајќи лесна навигација и приспособлива класификација на документи (архивски –единици). Секој документ е поврзан со низа од мета-податоци за ефикасно пребарување со клучни зборови.

Ние Ви даваме комплетна контрола – Вие ја генерирате листата на Вашите авторизирани вработени и ги дефинирате нивните привилегии и пристапи.Секој назначен авторизиран контакт добива корисничко име и лозинка за логирање на нашата апликација. Исто така, во секое време можеме да ви доставиме целосен лог од менаџирањето и оперирањето со Вашите документи и информации од страна на Вашите вработени.

Ние Ви овозможуваме контрола на едно од најчесто поставуваните прашања во секоја организација – Кој пристапува до што?
Ние го подобруваме Вашето пребарувачко искуство
– Сите сме искусиле залудно потрошени работни часови за одреден документ/информација. Некогаш, трошиме денови. Бенефитот да се има електронска архива е да не го трошите времето на пребарување, туку да ги добиете посакуваните информации на дланка и да можете непречено да се посветите на Вашата примарна дејност.
Ова е најважниот бенефит кој Ви го нуди нашата Cloud – Архивска апликација. Ние имаме basic (не-дефиниранo) пребарување користејќи само клучни зборови, тагови и индекс параметри. Исто така, нашата апликација Ви нуди Напредно пребарување каде можете да ги филтрирате Вашите резултати и да ги дефинирате полињата за пребауравње. Со овој вид на пребарување низ Вашата архива и Вашите документи , ќе имате резултати за неколку секунди.