DMS – document management system

Да го надградите Вашиот документ менаџмент систем од “хартиен” во дигитален е потребна технологија. Пред десет години беше нормално да се набави и инсталира DMS (Document Management System) или ECM (Electronic Content Management system) и да се постават нови организациски правила за креирање и споделување на документи и информации. Но има еден проблем. Ваквото софтверско решение бара напредна ИТ инфраструктура која што претставува голем трошок. А тој трошок со време ќе се зголемува. Бидејќи технологиите се менуваат брзо, побарувањата за нови верзии и миграции на технологија се се почести. Но, најкритично е што Вие мора да обезбедите сигурност на Вашите документи и податоци. Ова вклучува и обезбедување на Back UP и точки за враќање на Вашите податоци во случај на загуба или штета.

Тоа што започнало како наивна едноставна инвестиција во DMS или EMS, преку “spillover” ефект ќе премине со огромна инвестиција во инфраструктура, знаење и човечки ресурси за да управуваат со таа инфраструктура.

НИЕ ИМАМЕ ПОДОБАР НАЧИН.

Инбох CLOUD ECM решението, ги презема сите инвестиции и целата одговорност за безбедносно управување со податоци, миграции, backup и ИСПОРАКА НА ФУНКЦИОНАЛНО РЕШЕНИЕ преку CLOUD ECM како наша услуга. Ќе ги добиете најдобрите во својата класа – функционалности и ние ќе се погрижиме за сите софтверски нови верзии, инфраструктури, backup и миграција на технологии. Нашиот дата центар е сертифициран со ISO 27.001 и нашата најважна обврска е да инвестираме во човечки ресурси кои се експерти во Документ менаџмент системи. Ние ќе Ви пружиме Решение, Поддршка и Безбедност. Тоа е се што Ви е потребно.