Сервис за селекција и уништување

Секое ефективно управување со документи бара соодветен архивски план со рокови на чување. Чувањето на документацијата согласно архивските рокови е битно за Вашата организација конкретно за овие три прашања:

1. Дали ги уништувате документите по нивниот изминат законски рок за чување?

2. Ако ги уништувате, дали ги уништувате согласно легислативата?

3. Ако не ги уништувате документите од Вашата организација, како ги чувате?

Архивската технологија од Инбох е најдоброто решение за успешно менаџирање на документи со рокови на чување. Пресметката за истек на законскиот рок ја врши на основ на датумот на затварање на документот и неговиот соодветен архивски знак. На овој начин ќе имате регулирана политика за управување со Вашата архива и јасна слика за активната и пасивната документација во Вашата организација.

Нашата Cloud – Архивска Апликација ви овозможува селекција на комплетната листа на документи со истечени рокови.

 

Истата можете да ја генерирате годишно, полугодишно или инцидентно. Откако ќе ја проверите листата на документи со истечен рок, Вие самостојно одлучувате кои документи сакате да ги уништите. Ние ќе Ви пружиме професионална поддршка во целиот процес на уништување на документација со изминат рок.