Консултантски услуги

Кога сакате да ги поставите или промените принципите на Канцелариско и Архивско работење но Ви недостигаат соодветни ресурси или практично знаење, Ние ке Ви помогнеме да си ја завршите работата. Инбох ке ви ги постави принципите на модерно канцелариско и архивско работење и ке ви помогне да постигнете ефикасно работење, контрола врз процесите и целосна законска усогласеност со Законите и подзаконските акти.

Ние Ви ги нудиме следните консултантски услуги:

– Изработка на план и листи на архивски знаци. За Вас ќе создадеме три Документи. Основниот План на архивски знаци, соодветна листа на архивски материјал и листа на документарен материјал со рокови на чување. Кога овие важни документи се изработени и имплементирани во вашето работење, Вие имате можност за целосна контрола врз канцелариското и архивското работење.

– Обука за водење на деловодна книга. Без разлика дали имате или немате законска обврска да водите деловодна книга според пропишаните законски правила, Деловодната книга е многу важна алатка за контролата на влезот и излезот на документите од вашата компанија. Таа е потврда и доказ за постоењето или непостоењето на документ кој за Вас има употребна или доказна вредност.

– Планови и Обука за имплементација на Дигитална Писарница. Приемот на дневна пошта и нејзиното разведување до крајниот корисник како и регистрацијата на излезната пошта немора да се извршуваат во Хартиена форма. Модерното канцелариско работење е базирано на електронски системи за прием и разведување на влезна пошта и регистрирање на излезната. До имплементирањето на дигитална писарница, Вие добивате ефикаснот и целосна контрола во работењето.

Нашата е мисија е да го отстапиме нашето знаење и практично искуство во Ваша корист. Инбох ви стои на располагање!