
Инбох е единствена компанија во земјата која нуди КВАЛИФИКУВАНА ДОВЕРЛИВА УСЛУГА ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СКЛАДИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ и како давател на доверливи услуги го усогласи своето работење со новиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и EU регулативата No. 910/2014 (eIDAS) и се запиша во националниот Регистар на даватели на доверливи услуги: https://trusteid.mioa.gov.mk/registar_listi/

Согласно Закон за Архивско работење, Закон за Заштита на Лични Податоци, Закон за ДДВ, локациски на територија на РМ.

Согласно ЕУ и светски регулативи (GDRP, eIDAS, ISO)
Повеќе за услугата Дигитална Квалификувана Архива (Digital Office by Inbox)
Digital OFFICE е модерна платформа која им помага на Компаниите да ја зголемат ефикасноста во своето административно работење (канцелариско и архивско работење) преку дигитализација на работните процеси и нивно автоматизирано извршување.
Digital OFFICE не бара инвестиција, инсталација, човечка експертиза или одржување! Платформата е достапна како претплатнички сервис, кој е скалабилен и работи на принципот претплатничка конзола – платформа и избрани и поврзани сервиси – модули.
Платформата е достапна 24/7, на било кој електронски уред со едноставна најава. Од дома, на состанок, на службено патување или летување, со едноставен клик документите се ПРОНАЈДЕНИ, вие сте информирани и поврзани, а вашите одлуките забрзани.
Функционалности – 5 во 1 cloud платформа
Digital Archive – Ви помага да создадете дигитална архива според локалните законски правила и меѓународните стандарди за безбедност на документи. Дигиталната архива е целосно автоматизирана! Сите документи автоматски се конвертираат во законски валиден формат PDF-А-3, се става сертифициран временски жиг (time-stamp), и автоматски се генерираат сите потребни архивски броеви и под броеви и приемни и излезни печати во автоматизиран еДеловодник. Пребарувањто и пронаѓањето на документи се прави преку smart search опцијата во платфорамта или во мобилна апликација. Архивате е според препораките на eIDAS, Moreq2, GDPR и е ISO 27.0001 сертифицирана.
DMS – Документ менаџмент систем е втората функција која се добива во пакет со дигиталната архива. Во неа можете да креирате Формулари и Темплејти на документи и истите автоматски во дигитален процес да ги пратите на одобрување, потврда или потпишување. Можноста да креирате фолдери и подфолдери за организирање на вашите темплејти и/или документи за чување е неограничена.
Автоматизација на процеси (BPM) Секоја работа што се повторува во познат интервал и се извршува на ист начин се вика Рутина! Digital OFFICE ви помага да ги дигитализирате рутините и нивното извршување да го направите автоматски. Непогрешливо и без можност за изговор. Системот никогаш не се изморува, секогаш навремено ја извршува задачата, и не дозволува никој што треба да направи дејствие да не го направи – системот го потсетува со нотификации. Ефикасноста се зголемува 90%
Дигитално потпишување – Digital OFFICE ви овозможува да сетирате свој Е-потпис или да потпишувате користите свој дигитален КВАЛИФИКУВАН сертификат и со тоа правно валидно да ги потпишувате вашите електронски документи директно од платформата. Еднострано потпишете Илјадници излезни фактури со еден клик или Двострано преку интегриран Cloud Signing Server. Сите опции се достапни во платформата.
Мобилна апликација – бидејќи сложените системи се тешки за разбирање и користење, Ние сите функции ги упростивме и ставивме во мобилна апликација во која на едноставен начин со тап и клик можете да ги извршите сите функции. Неповторлива едноставност!