Инбох е негова матична компанија во изминативе пет години, период во кој остварува успешни резултати во процесот на продажба и одржување на клиентите. Како дипломиран Економист во Бизнис менаџментот и надградување на своето знаење преку обуки за усовршување на продажни техники и однос со клиенти, како и во делот на архивското работење, Дејан успешно го имплементира своето професионално искуство во вредносниот систем на Инбох како компанија.
Својата професионална кариера ја започнува во 2001 како специјалист електротехничар, енергетичар по вишо образование, во Компанија која е вклучена во изведба на големи, капитални објекти, каде што работи се до 2005 година. Истата година својата професионална кариера ја надградува во областа на телекомуникациите, односно секторот за дирекна продажба во интернационална компанија како тим лидер и на оваа позиција опстојува до 2008 година. Од 2008 до 2012 се надградува со позиција на Координатор-супервизор во дирекна и индирекна продажба на целата територија на РМакедонија, повторно во областа на телекомуникации. Веќе во 2012 година следува нов професионален предизвик и ангажман во Инбох-најголемиот архивски центар во Македонија, со позиција на раководител на дирекна продажба и функција на менаџер за квалитет. По одреден временски период продолжува на сегашната функција како Директор на продажба и односи со клинети и нивно менаџирање.