Нашата филозофија – Ваши вредности

ННашата филозофија го следи фундаменталниот концепт на архивирањето и менаџирањето на документите – а тоа е идејата дека секој запис (документ) има животен циклус. (Секој официјален деловен документ мора да помине низ сите фази на “животниот циклус„). Почнувајќи од овој концепт ние разликуваме “АКТИВНА„ и “ПАСИВНА „ фаза на документот.

 

Во Активната фаза од животниот циклус на документот, критичен фактор е достапноста на информациите кои се многу често потребни од различни корисници. Во оваа фаза, создаваме вредност со тоа што најпотребните документи ги правиме лесно достапни преку ECM платформа (Enterprise content management platform – платформа за менаџирање на целосната документација на организацијата). Ние ги конвертираме деловните записи во дигитални документи во електронски архивски формат (PDF/A) и овозможуваме достапност на податоците 24/7.

Клиентите можат да пристапат до својата документација од било која локација, од својот смарт телефон, таблет, лап топ, при што пристапот им е овозможен во секое време кога им е потребна документацијата. ECM платформата ви обезбедува ефикасност во секојдневното користење на документите и ви овозможува целосна контрола на сите акции од сите корисници низ цела организација.

Ние ви доставуваме ефикасност и поголема контрола.

Во Пасивната фаза од животниот циклус на документот, фреквенцијата на користење е ниска, со што тука критична точка на ефикасност е разликата помеѓу вредноста на самиот документ или вредноста на инфромацијата која што ја содржи. Да создадете постојана достапност на целосната документација е преголем трошок и е целосно непродуктивно. Затоа ние разликуваме помеѓу вредноста на документот и вредноста на инфромацијата која што ја содржи. 95% од времето, Вам ви е потребна само информацијата што ја содржи документот, не самиот документ.

Наша уникатна вредност е што ние можеме – на ВАШЕ БАРАЊЕ, да ја издвоиме информацијата која што ви е потребна и да ја направиме достапна за Вас

 

Преку ECM платформата без да има потреба да го поместуваме физичкиот документ од својата локација. На овој начин елиминираме ризици како губење, оштетување и злоупотреба на деловни записи, а во исто време Ви ја доставуваме потребната информација во период од 30 минути.

 

Ние ги зајакнуваме нашите клиенти со брз и сигурен метод на комуникација со нивните информации и документи, правејќи ги достапни од било кое место во било кое време. Истовремено оригиналните документи се во совршена организација во високо обезбедена локација. На овој начин создаваме предност на нашите клиенти со што што го забрзуваме процесот за донесување одлуки бидејќи сите клучни инпути за носење на тие одлуки се достапни во секое време.

Ние им заштедуваме време и ресурси на нашите клиенти, со тоа што инвестираме во најдобрите во својата класа – објекти и организациски модели за индексирање и чување, нови ефикасни технологии за дистрибуција на документи, како и во безбедносни стандарди за сигурно складирање.

Ние овозможуваме високо ниво на сигурност со анонимизација на документ со баркод налепница и принципот на повеќеслојни операции со тоа што пристапот до документот е овозможен со авторизациски кодови на најмалку две нивоа. Создаваме записи за сите акции со тоа што ви овозможуваме целосен извештај за аудит потреби.

Ние ги штитиме нашите клиенти од секакви регулаторни ризици со кои што можат да се соочат при менаџирањето на документите и архивирањето со тоа што постојано инвестираме и ги подобруваме нашите оперативни стандарди.

Ние ја преземаме одговорноста и Ви ја враќаме контролата – Архивирањето и менаџирањето на документите е наша специјалност, ние ја имаме најдобрата технологија, ги имаме експертите за секој процес и го имаме знаењето да се справиме со секој предизвик. Ви помагаме да го зголемите вашиот фокус кон вашата примарна дејност со тоа што ви овозможуваме целосна контрола над Вашите документи и информации.