Нашата мисија и корпоративен идентитет

ИИнбох – Архивски Дата Центар е основан во 2011 година како иновативен модел за архивирање и управување со документи (физички и електронски документи). Основан на американска ИТ платформа, оперативниот модел на Инбох овозможува совршена организација на документите низ целиот нивен животен тек започнувајќи од моментот кога се создадени, со што на своите корисници им овозможува брз и постојан пристап, непречена употреба и најважното – сигурни и безбедни работни процеси во нивната организација.

Во само првите три години од своето постоење, Инбох го разви својот корпоративен идентитет и постигна брендот да биде препознатлив како високо професионален, постојан и доверлив партнер на најголемите организации во Македонија во делот на архивирање и управување со документи.

 

Погледнете го нашето КОРПОРАТИВНО ВИДЕО

“Нашиот корпоративен идентитет е изграден на верувањето дека корпоративниот успех доаѓа од моќта на компанијата која е високо компетентна и мотивирана своето знаење и најдобрата технологија да ги искористи исклучиво за да им овозмозможи компетитивна вредност на нашите ценети клиенти.

Ние сме посветени да градиме и одржуваме силен Бренд кој ќе обезбеди максимална ефикасност и безбедност во архивиското работење

и сето тоа базирано на врвна технолошка платформа која го минимизира човечкиот труд во управувањето и побарувањето на информациите, притоа го гарантира интегритетот на податоците и ги намалува можностите за грешка и злоупотреба со овозможување целосна контрола.„

Денес Инбох своите професионални услуги за архивирање и менџирање на документи ги овозможува: на повеќе од 250 локални и интернационални клиенти, од три различни локации, со целосен административен простор од 2.000 м2,40.000м3 простор за физичко архивирање на документација и архивски материјал и дата центар од повеќе од 25 ТБ простор.