ДИГИТИЗАЦИЈА
Минатото и сегашноста, ставете ги во функција на Вашата иднина.
Мал или голем формат, хартија или микрофилм, малку или многу важно, каков и да е вашиот предизвик за дигитизација ИНБОХ поседува технологија и знаење за да Ви помогне.
“Скен и слика не се “Документ“
Електронски документ е
правилно форматиран,
временски обележан и
архивски заведен запис“
БЕНЕФИТИ
Подобар капацитет за складирање. Во недостиг на простор, дигитизирани документи на хард диск се големо олеснување.
Лесна пристапност и брзо пребарување. Документите се достапни со клик во фолдер или со клучен збор во пребарувачот документот се пронаоѓа веднаш.
Полесна и побрза соработка. Споделувајте ги електронски документите и работете во реално време, каде и да сте.
Зголемена безбедност. Датотеките со дигитални документи се шифрирани и безбедни.
Заштедете на ресурси. Се заштедува време и финансиски трошоци при пребарување, обработка и споделување/достава на документи.
Типови на услуги:
1. Дигитизација на документи, слики и архивски записи
Дигитализација е процес на конверзија на Вашите хартиени документи или медиумски записи во специјален дигитален формат од траен карактер.
2. Обработка на скенирани документи
“Скенирањето на документите е само почеток на процесот на дигитизација, во кој најсложените операции се извршуваат после самиот процес на скенирање.“
3. OCR
ОЦР (Optical character recognition / Оптичко препознавање на знаци), преставува механичка или електронска конверзија на слики кои содржат електронски, печатен или рачно напишан текст.
Контактирајте нѐ денес
За ефикасност и поголема контрола