ЗА НАС
Сѐ на свое место
Нашата мисија е да ги чуваме, заштитуваме и правиме достапни, вредностите и фактите што се создадени во минатото, се создаваат денес и се основа за нашата иднина.
„Денес“ е наследство и
основа на секое „Утре“!
Стојче Тасков
Основач на Инбох
Нашата мисија и корпоративен идентитет
Инбох – Архивски Дата Центар е основан во 2011 година како иновативен модел за архивирање и управување со документи (физички и електронски документи). Основан на американска ИТ платформа, оперативниот модел на Инбох овозможува совршена организација на документите низ целиот нивен животен тек започнувајќи од моментот кога се создадени, со што на своите корисници им овозможува брз и постојан пристап, непречена употреба и најважното – сигурни и безбедни работни процеси во нивната организација.
„Нашиот корпоративен идентитет е изграден на верувањето дека корпоративниот успех доаѓа од моќта на компанијата која е високо компетентна и мотивирана своето знаење и најдобрата технологија да ги искористи исклучиво за да им овозмозможи компетитивна вредност на нашите ценети клиенти.
Ние сме посветени да градиме и одржуваме силен Бренд кој ќе обезбеди максимална ефикасност и безбедност во архивиското работење и сето тоа базирано на врвна технолошка платформа која го минимизира човечкиот труд во управувањето и побарувањето на информациите, притоа го гарантира интегритетот на податоците и ги намалува можностите за грешка и злоупотреба со овозможување целосна контрола.“
Лидерски тим
Стојче Тасков
Главен Извршен Директор
Перица Костадиновски
Помлад партнер / продажба и развој
Јорданчо Митровски
Извршен директор за финансии и корпоративно управување
Димитар Јаневски
Директор на Digital Office by Inbox
Моника Славковска
Координатор за човечки ресурси
Александар Зорбовски
Менаџер за безбедност и квалитет
Александар Гочевски
Менаџер за продажба
Стефани Василевска
Офис асистент
Гоце Блажевски
Стручен соработник за канцелариско и архивско работење
Стојче Тасков – Биографија
Сопственик на Инбох и Извршен Директор на компанијата
Тој е бизнисмен и инвеститор кој има создадено повеќе старт-ап (start-up) компании во и надвор од Македонија. Има 15 годишно интернационално менаџмент искуство во полето на Банкарство, Финансии и Финансиски сервиси.
Дипломира на правниот фактултет во Скопје во делот на Меѓународно право, а своето професионално усовршување го продолжува на престижната Харвард Бизнис Школа каде успешно завршува 2 специјализации. Првата во полето на “Стратегии за иновации“ и втората во полето на “Управување со Финансии“.
Перица Костадиновски – Биографија
Перица Костадиновски е помлад партнер и VP во компанијата Инбокс
По дипломирање на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – отсек Историја со архивистика во 2005 година, Во 2006 година започнува со работа како Агент за продажба на нафта и нафтени деривати во и надвор од територијата на Р. Македонија. Од 2007 година до 2008 година функционира како надворешен соработник за диреткна продажба на ЕОЅ Матрикс Македонија, за веднаш потоа да се стекне со позицијата Раководител на сектор за продажба во истата компанија и таму останува се до почетокот на 2015 година.
Темелната посветеност на работата, како и способноста за комуникација и одржување на позитивни релации и односи само ја дополнуваат амбициозноста за создавање на Иновативни решенија во областа на електронското и физичкото архивирање кои и тоа како му беа потребни на нашето општество. Перица Костадиновски е присутен од самото основање на компанијата Инбокс во 2010 година како прв архивски центар со модерни технолошки решенија за физичко и електронско управување со податоци и документи.
Јорданчо Митровски – Биографија
Извршен директор за финансии и корпоративно управување
На тимот се приклучува од 2016 година. Како дипломиран економист во насока Менаџмент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во 2007 година, својата професионална кариера ја насочува во полето на Сметководството и Финасиите.
Тој својата деветгодишна професионална кариера во континуитет ја надградува на разни домашни и меѓународни семинари и има стекнато Advanced Diploma in Accounting и Business издадена од Association of Chartered Certified Accountants-ACCA. Поседува и лиценца за Овластен сметководител издадена од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
Димитар Јаневски – Биографија
Директор на Digital Office by Inbox
Моника Славковска – Биографија
Координатор за човечки ресурси
Александар Зорбовски – Биографија
Менаџер за безбедност и квалитет
Преку своето професионално искуство ги користи своите мултидисциплински основи од бизнис, производство и оперирање за инспирација и креирање на безбедни и стандардизирани/постојани процеси за добивање и задржување на клиентите во компанијата.
Својата професионална кариера ја започнува од 2002 година и ја развива во неколку интернационални компании во земјата и надвор, како раководител на сектори во компании од безбедносниот, производствениот и ИТ секторот, како и управител на трговска компанија и креирање на ланец на компании во истата дејност во странство. Неговото знаење се темели на 15 годишно работно искуство и докажани практики, обуки во областите на менаџментот и лидерството заедно со претходно успешно реализирана едукација во државни образовни институции во насоките елктроника и машинство.
Александар Гочевски – Биографија
Менаџер за продажба
Стефани Василевска – Биографија
Офис асистент
Гоце Блажевски – Биографија
Стручен соработник за канцелариско и архивско работење
Своето формално образование го надградува како Машински техничар за механизациони возила и машини во 1994 година. Прво вработување добива во Македонски Телеком во 1997 година во Службата за безбедност.
Во 2002 година со промената на работно место како Курир во Секторот за архива на МКТ, се запознава со основите за канцелариско и архивско работење од каде е унапреден во Асистент за архивско работење, а подоцна во Виши асистент за архивско работење во истата служба. Неговата професионална активност подразбира координација на тимот во Секторот за централна архива на клиентот Македонски Телеком АД Скопје.
Нашите Вредности
Доверливост
Повеќе од 10 години ги задоволуваме потребите и очекувањата на нашите клиенти за собирање, управување и складирање деловни информации.
Безбедност
За нашите клиенти оддржуваме високо ниво на безбедност на информациите и физичката документација и постапуваме според системот за управување на информациска безбедност ISO/EIC 27001.
Квалитет
Горди сме на нашата експертиза и долгогодишното искуство. Нашата посветеност на квалитетот е поддржана од нашата акредитација за стандардот за контрола на квалитетот ISO 9001.
Усогласеност
Ги штитиме нашите клиенти од секакви регулаторни ризици со кои што можат да се соочат при менаџирањето на документите и архивирањето со тоа што постојано инвестираме и ги подобруваме нашите оперативни стандарди.
Иновации
Посветени сме на континуирано инвестирање во знаење и компетенции и поттикнуваме иновативни одговори на сегашните и идните предизвици на дигиталната ера.
Одржливост
Во контекст на одржлива дигитализација, ние применуваме мудра употреба на технологијата за да ги направиме нашите деловни операции што е можно попријатни за животната средина и општеството.