обработка на скенирани документи

Почетна 9 Дигитизација 9 Обработка на скенирани документи

“Скенирањето на документите е само почеток на процесот на дигитизација, во кој најсложените операции се извршуваат после самиот процес на скенирање.“

Кога документите се веќе скенирани, како дигитални копии можат да се користат во две форми – како слики или како текст (содржина). Изведувањето на целосен процес на дигитизација означува не само скенирање за добивање слики, туку и нивно пост-процесирање и уредување, со цел информациите (текстот) да бидат употребени во форма која што е најкорисна за Вас.

Инбох за Вас извршува 3 постапки за обработка на скенираните документи.

1. Перфектна дигитална копија. Инбох поседува технологија наречена Perfect page, со која во самиот процес на скенирање, во соработка со клиентот, земајќи ги предвид неговите потреби, ние поставуваме параметри за квалитетот на сликата (дпи), нејзината боја, автоматско нагодување на големина на сликата, нејзино автоматско ротирање и порамнување (crop & deskew), подобрување на соодносот помеѓу текстот и позадината (foreground boldness and background smoothing) со чија помош создаваме поквалитетна репродуцирана дигитална копија, поквалитетна и од самиот оригинал.

2. Форматирање, основнит формат во кој се добива квалитетна дигитална репродукција e “TIFF file”. Тој основен формат не е документ туку слика. Од тој основен формат според карактеристиките на документот и потребите на клиентот се одредува ИЗЛЕЗНИОТ формат во кој ке се создаде дигиталниот документ – ПДФ, ПДФ/А, ЈПЕГ, ПНГ, РТФ, Searchable PDF и други. Основниот формат се конвертира во излезен формат и се добива основата на документот.

3. Индексирање. Индексирањето е процес со кој во дигитално репродуцираниот документот се вградуваат “мета податоци“ или “пребарувачки индекси“ кои стануваат составен дел од дигиталните карактеристики на документот. ИЗЛЕЗНИОТ формат на добиените податоци исто така се одредува зависно од потребите на клиентот (Searchable PDF, XML, TXT, DAT, RTF..). Преку доделување на индекси, документот станува препознатлив за пребарување и повикување во дигиталното окружување каде што се наога. Индексирањето може да се извршува на 2 начини.

3.1 Како автоматско оптичко препознавање на предефинирани индекси (зонски ОЦР). Оваа постапка е единствено применлива кога постои стандардизиран формат на оригиналниот документ. (формулари, апликации) во кои текстот е напишан со некој познат компјутерски фонт.

3.2 Рачно вградување на индексите во дигиталните карактеристики на документот. Кога документот не е стандардизиран и кога податоците што треба да се вградат како индекси не се напишани со познат комјутерски фонт, тогаш се оди во мануелно вградување на индексите во дигиталните карактеристики на документот.

Контактирајте нѐ денес

За ефикасност и поголема контрола

Направи си понуда