АВТОМАТИЗАЦИЈА НА ПРОЦЕСИ
За остварување на соништата, aвтоматизирајте ги рутините
Digital Office им помага на компаниите да го премостат јазот помеѓу креативните аспирации и големиот обем на работа на секојдневните обврски.
КАКО РАБОТИ?
Вие ги дефинирате и дизајнирате вашите специфични и уникатни процеси, а ние ќе создадеме дигитален работен тек кој работи автоматски и ќе обезбеди совршено извршување или Вие едноставно избирате, приспособувате и усовршувате процес од нашиот каталог за автоматизација.
“Колку повеќе повторуваме нешто, толку подобри стануваме во тоа. Се додека не ни здодее и не преминеме на нешто ново, несовршено и предизвикувачко. Но, не треба да ја изгладнуваме сегашноста за да ја нахраниме иднината, можеме да ја искористиме моќта на воспоставените ефикасности со едноставно автоматизирање на истите и да изградиме уште поголема моќ за да ја предизвикаме иднината.”
ВИЕ ДЕФИНИРАТЕ И ДИЗАЈНИРАТЕ
100% УНИКАТНА И РАБОТИ НА КЛИК
Ако нешто се повторува и работи по добро дефиниран редослед или не работи во ред, но би сакале да го поправите со дигитални работни текови, можеме да ви помогнеме во 3 чекори.
Чекор 1 – Сè започнува со дефинирање на текот на процесот. Ќе пополните формулар кој ќе ви објасни, кој што прави, кога и како. Која е нормалната линија на настани и кои услови треба да се исполнат? Кои се исклучоците и инцидентите и каде ескалираат?
Чекор 2 – Го дизајнираме дигиталниот работен тек и доделуваме алатки за ангажирање на вработените и завршување на задачите.
Чекор 3 – Менаџерот за успех работи со вас за да обезбеди усвојување и задоволство. Тоа што е добро го подобруваме, тоа што не е толку добро, го подобруваме додека не функционира совршено.
Изберете од Каталог
КАТАЛОГ НА АВТОМАЦИИ
Како што можете да забележите, платформата Digital Office доаѓа со многу ВГРАДЕНИ функции, кои ви обезбедуваат големи придобивки. Но, ние не застануваме тука, ги слушаме сите потреби на нашите клиенти и обезбедуваме каталог на решенија од кои можете да изберете во зависност кој процес сакате да го автоматизирате.
Вие само ИЗБЕРЕТЕ едно или повеќе решенија и ние ги активираме во организацијата на вашиот профил на Digital Office со потребните прилагодувања за најдобро да одговараат на потребите на процесите во вашата компанија.