МАГАЦИОНЕР
АСИСТЕНТ ЗА АРХИВСКА ЛОГИСТИКА
Инбох ДООЕЛ Скопје, професионален архивски и дата центар во Македонија кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви има потреба од вработување на енергични и проактивни кандидати насочени кон континуиран професионален раст за работната позиција:
Асистент за архивска логистика
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за:
- одржување на документарно депо, магацинско работење
- попишување на клиентска документација и поставување на кутии на локација
- внесување/изнесување на пристигната/испорачана документација и распределување на истата на локација во депо
- користење на компаниски софтвер – Total Recall
Личен профил на кандидатот:
- Завршено средно образование
- Работно искуство во магацинско работење ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Способност за самостојна и тимска работа
- Динамична и иницијативна личност
- Посветеност, лојалност и одговорност
Што нудиме:
- Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок
- Два дополнителни бонус слободни дена во годината
- Можност за континуиран кариерен раст и развој
Вашата професионална биографија испратете ја на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 01.12.2023 година, со назнака: “Асистент за архивска логистика”, и станете дел од нашиот тим.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.