ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ

за управување со ликвидност (Revenue assurance)

Почетна 9 Кариера 9 Финансиски Асистент За управување со ликвидност (Revenue assurance)

ИНБОХ ДООЕЛ Скопје, компанија со уникатна дејност – професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, има потреба од вработување на кандидат насочен кон континуиран професионален раст и развој, за работната позиција:

 

ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
За управување со ликвидност (Revenue assurance)

 

Основен ангажман на Финансискиот асистент:

– Создавање финансиски-кориснички профили според склучен договор во софтверска апликација
– Изработка на фактури според профилот и оперативното работење
– Достава на фактури
– Проверка и потврда на прием на доставените излезни фактури
– Известување за фактурирање
– Дневно порамнување на уплати од банкарски сметки со отворени побарувања
– Обезбедува редовни и точни извештаи за наплата на побарувањата
– Следење на неподмирените салда на побарувањата со анализи на старосната структура на побарувања
– Доставува и обезбедува конфирмации на саладата на побарувања со клиенти
– Подготвување на сметководсветна документација во постапки на присилна наплата
– Вршење на други помошни функции за Финансискиот директор

Кандидатот треба да поседува:

– Образование: ВСС – Економски факултет
– Pаботно искуство во финансии и сметководствени работи ќе се смета за предност

Способности и вештини
– Лична одговорност и ефективност
– Добро познавање и работа со софтверски програми
– Позитивен став, амбициозност, енергичност и прилагодливост

Што нудиме:
– Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок
– Два дополнителни бонус слободни денови во годината
– Конкурентна плата и бенефиции

Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 04.05.2025
година, со назнака: “Финансиски асистент за управување со ликвидност”. Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени

Бидете дел од нашиот тим

Направи си понуда