ПРАКТИКАНТ
За архивско работење и дигитализација
Инбох ДООЕЛ Скопје, професионален архивски и дата центар во Македонија кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви има потреба од ангажирање на енергични и проактивни кандидати за практиканти за позицијата:
Практикант за архивско работење и дигитализација
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за:
- Соодветно попишување на клиентската документација и подготовка за скенирање согласно барањата на клиентите и нејзино враќање на место проверена
- Водење грижа за клиентската документација да не се оштети и контролирање дали документација одговара на попишаните податоци
Личен профил на кандидатот:
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Способност за самостојна и тимска работа
- Динамична и иницијативна личност
- Посветеност, лојалност и одговорност
Што нудиме:
- Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок
- Организиран превоз
- Можност за континуирано учење, раст и развој
Вашата професионална биографија испратете ја на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 01.12.2023 година, со назнака: “Практикант за архивско работење и дигитализација”, и станете дел од нашиот тим.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни ангажмани. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.