Проектен вработен за внесување на податоци
DATA ENTRY SPECIALIST
Инбох ДООЕЛ Скопје, е компанија со специјализирана дејност за управување со документи и информации во име и за сметка на најголемите брендови во државата. Инбох е иновативна компанија која ги поместува стандардите за ефикасност во административно работење како во физичко така и во сверата на Е-архивирање и дигитализација на документи и работни процеси. За остварување на своите административни задачи, ИНБОХ има потреба и нуди вработување на енергичнa и проактивнa личност за следнава работна позиција:
Проектен вработен за внесување на податоци – Data Entry Specialist
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за:
- Попишување на документација и внесување на податоци во компјутерски софтвер.
Личен профил на кандидатот:
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Способност за самостојна и тимска работа
- Динамична и иницијативна личност
- Посветеност, лојалност и одговорност
Што нудиме:
- Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок
- Можност за учење нови вештини за архивско и канцелариско работење
Вашата професионална биографија испратете ја на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 01.09.2024 година, со назнака: “Асистент за внесување на податоци”, и станете дел од нашиот тим.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.