#ЕДЕНЧЕКОРПОВЕЌЕ во професионален развој

Почетна 9 Новости 9 #ЕДЕНЧЕКОРПОВЕЌЕ во професионален развој

Како дел од мисијата на Инбох е да оддржува организациска свест која препознава и дава шанси на млади таленти да се докажуваат и со своите идеи да го менуваат нашиот свет на подобро.

Оваа наша приказна ќе ја започнеме со тројца наши млади таленти кои летово беа дел од тимот на Инбох како практиканти. Со гордост ви ги претставуваме Васил, Маргарита и Тамара кои се апсолвенти на ФИНКИ и кои одлучија својата практикантска работа да ја поминат во Инбох. Имавме пријатно попладне со нив, разговарајќи за нивните интереси, нивните цели и визии за иднината. Ни кажаа за своето искуство во Инбох, за посветеноста, учењето, достигнувањата и дружбата.

Прочитајте повеќе за нив и нивните импресии:

Васил Соколчевски – Апсолвент на ФИНКИ

 „Студирам на студиската програма информатика и компјутерско инжинерство и факултетот на некој начин ми се надоврзува на средното училиште – компјутерска техника и автоматика. Така да, веќе имам некој континуитет изминатите 8 години на образование. Примарен интерес ми е професијата која сакам да ја градам – компјутерско инжинерство – развој на софтвер. Интересно е – тоа што сакам да направам комбинација помеѓу она што значи софтвер и развивање на софтвер, имплементација на софтверски решенија и делот што е опиплив, хардверот – не сум целосно ориентиран кон софтвер. Освен студиите – во слободно време сум насочен на преточување на теоретсото знаење во практични вештини. 

Исто така – имам доста интерес и за телекомуникациите и електротехниката генерално. Приватно – следам спорт – најмногу фудбал, тенис и ракомет и интересно но имам интерес и кон оштествените науки како на пример правото и историјата. Себеси се гледам во ИТ индустријата каде сакам константно да се усовршувам. “

Маргарита Цуклева – Апсолвент на ФИНКИ

„Студирам на студиската програма информатика и компјутерско инжинерство. Јас после средното образование – економски, направив еден пресврт и се насочив кон информациските технологии – компјутерско инжинерство. За мене тоа беше еден цел нов свет, но доста добро се снаоѓам. Како лични интереси – читам, книги, статии итн. Апсолутно во иднина се гледам во ИТ индустријата со постојано надградување. Многу ми е мило што имав прилика да применам дел од моето теоретско знаење во ваква иновативна компанија како Инбох и што имав прилика да бидам дел од овој тим. Тоа што го гледам за себе исто така е постојано усовршување на професионален план. “

Тамара Петрова – Апсолвент на ФИНКИ

Студирам на ФИНКИ – отсек Примена на Е-технологии. Јас сум повеќе сум за Веб дизајн и софтвер. Јас сакам предизвици и сакам тимска работа. Кога дојдов во Инбох – си ги надминав очекувањата за тоа колку може праксата да ти помогне да го надградиш сопственото теоретско знаење. Приватно – сакам да работам и на видео игри и да читам книги.

1. Како дознавте за практикантската работа во Инбох?

Маргарита: Јас дознав преку некоја од ФБ групите на ФИНКИ, па преку неколку колеги дознав повеќе детали и еве ме тука. 

Тамара: Јас ја видов објавата на Facebook и LinkedIn.

2. Кога го видовте огласот, што ви беше првиот впечаток?

Маргарита: Јас ја прегледав веб страната на Инбох и по се што видов и прочитав, знаев дека ќе се соочам со голем предизвик доколку добијам шанса за практикантска работа. Морам да кажам, дека уште во фазата на селекција на практиканти, потоа целата организација околу започнување на праксата – имавме простор да ги запознаеме и проучиме оперативните процеси во Инбох, посветеноста и насоките од вработените од Инбох, целосно професионално и многу мотивирачки за секој што си посакува сериозна практикантска работа.

Тамара: Искрено, бев љубопитна – што практична работа би ни била понудена во Архивски центар. И бев пријатно изненадена.

3. Опишете ми што работевте? Со каков предизвик се соочивте за време на вашата практикантска работа во Инбох?3. Опишете ми што работевте? Со каков предизвик се соочивте за време на вашата практикантска работа во Инбох?

Васил: Најпрво, по што би требало да го издвојам Инбох во поглед на практична работа е фактот што уште од прв ден – ние имавме прилика. Прилика да работиме на лиценцирани скапи софтвери кои Инбох ги поседува и прилика да се докажеме. Значи не се работеше за асистирање на процес или извршување на секојдневни проблематики, туку на нас ни беше даден предизвик. Ние бевме фокусирани на развивање скрипти кои ќе овозможат автоматизиран процес за индексирање на веќе дигитализирани документи. Работевме на два моќни софтверски платформи кои ги има Инбох – тоа се Abbyy и Capture Pro на Kodak Alaris. Работевме на решението скоро месец и пол, но веќе пред две недели решението беше изгледно и ние знаевме дека ќе биде успешно. Тоа што го правевме изминативе две недели беа тестирања и докажувања на целиот процес. Како главни придобивки од ова решение е скратеното време и намалување на бројот на потребни ресурси.

Тамара: Тоа што морам да го потенцирам, е тимската работа која ја имавме и која во најголем процент допринесе до финалниот позитивен резултат. Ние бевме целосно фокусирани на ова. Постојано комунициравме меѓусебе и кога и да се случеше некој да добие некоја идеа или можно решение на проблем, веднаш се споделуваше во група и сите дававме фидбек. Често, не можевме да дочекаме да дојде нареден ден и да пробаме дали понудената идеа ќе успее или не.

4. Како бевте прифатени од Организацијата, вашето искуство за односот со вработените – од приемно одделение до Генерален директор?

Маргарита: Супер бевме прифатени од сите. Се беше ок, се што не ни беше јасно, ни помагаа да го разбереме. Никогаш не се почувствувавме како отфрлени, сосема напротив, ние буквално бевме дел од Инбох. Имавме одлична комуникација и дружба. 

Тамара: Навистина сум воодушевена од сите, имавме прекрасна соработка, секогаш ни помагаа кога имавме потреба. Ние создадовме дружба тука, не само професионално, туку и приватно.

Васил: Јас морам да ги издвојам одговорните за процесот на селекција и ангажирање на кандидати. Се беше професионално и дослeдно на една организација каква што е Инбох. Генералниот директор лично не запозна со целите и мисијата на Инбох, ни посочи колку е битно за една организација како Инбох, склопот на технологијата и луѓето да бидат во синхронизација. Имавме супер соработка со ИТ секторот како и со дел од вработените во секторот за Дигитална архива.

5. Дали Инбох ги исполни вашите очекувања?

Маргарита: Би кажала, верувам од име на сите, дека и ги надмина. 

6. Да кажеме дека започнувате со работа во Инбох утре. Кои совети би си ги дале себеси за да направите еден чекор повеќе кон успешна кариера во компанија како Инбох?

Тамара: Јас би ја посочила потребата од непречена комуникација. Да прашаш кога не знаеш и да одгвориш кога некој не знае. Апсолутно комуникација на највисоко ниво и тимска соработка. 

Васил: Јас би ги истакнал – способност и насоченост кон тимска работа, тоа е клучно за компанија како Инбох – најмногу заради меѓузависноста на секторите. Второ, да се биде креативен и иновативен. 

Маргарита: Јас би ја посочила професионалната и личната одговорност. Да се биде дел од Инбох, пред се означува да имаш највисоко чувство за одговорност.

Споделете на социјални мрежи
Направи си понуда